Дарко Димитров објави ретка фотографија со сопругата и децата, славеа матура на ќерката Лара
- Детали
- вторник, 21 мај 2024
По долго време, Дарко Димитров сподели семејна фотка на која е со сопругата Маја и двете ќерки, Лара и Мона.
Нашиот композитор и продуцент Дарко Димитров се пофали дека неговата ќерка Лара е матурантка.
По тој повод, тој на Инстаграм објави семејна фотка, на која е со сопругата Маја и двете ќерки, Лара и Мона.
Ова е една од ретките фотографии на кои Дарко е со своите сакани.
На неговиот профил на Инстаграм најчесто може да се видат видеа од песните кои ги промовира со македонските и балканските музичари, и повремено по некоја негова фотографија.
Токму затоа оваа фотка привлече толкаво внимание, па не изостанаа ни коментарите од неговите следбеници на Инстаграм дека се прекрасно семејство.
Дарко објави уште една фотографија на Инстаграм Стори, каде што ја прегрнува својата ќерка матурантка.
Лара е облечена во бел фустан кој ја следи линијата на телото, а бел фустан носи нејзината мајка Маја.
И Дарко е модно усогласен со дамите од неговото семејство, па за оваа пригода избра бела кошула и темни фармерки.
Меѓу гостите на забавата беше и композиторот Роберт Билбилов, кој е еден од најдобрите пријатели на Дарко, но и близок соработник. Тој на матурската прослава дојде со својата девојка Лејла Рамковска.
Роберт меѓу другото, објави и фотографија и со Лилјана Димитрова, мајката на Дарко, а сопруга на легендарниот Славе Димитров, која скоро никогаш не се појавува во јавноста.
А. Ј. | Црнобело