Време е да бидеш активен - Скопје вежба на отворено

Скопје,16.05.2021година - Со почеток од утре, 17 мај, па во наредните три месеци, скопјани ќе имаат можност бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

vreme-e-da-bidesh-aktiven-skopje-vezhba-na-otvoreno-01.jpg

Секој работен ден, по 18 часот, на различни локации на јавните површини и парковите во Скопје ќе се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога и атлетика. Проектот „Скопје вежба“ кој има цел да им помогне на граѓаните да го подобрат своето здравје и да ја одржат физичката форма го спроведува Град Скопје во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Градот Скопје преку професионални тренери ќе им овозможи на граѓаните на Скопје бесплатна физичка активност во текот на попладневните часови, од понеделник до петок. Нашата цел е кај помладите генерации да всадиме навики за физичка активност, а кај постарите генерации да стимулираме еден поинаков и поздрав начин на живеење. Сакам да се заблагодарам на Факултетот за оваа заедничка акција со која ќе овозможиме на Скопје и на скопјани еден поинаков пристап кон физичката култура. Се надевам дека на крајот на јули кога ќе заврши оваа активност ќе може со задоволство да ги констатираме позитивните бројки на граѓани кои ја искористиле оваа можност – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната промоција на проектот „Скопје вежба“.

vreme-e-da-bidesh-aktiven-skopje-vezhba-na-otvoreno-03.jpg

Деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. др.Ленче Алексовска – Величковска изрази задоволство што Градот Скопје препозна партнер во нивната институција која постои 40 години.

Ќе изведуваме физичка активност во оваа пандемија која за жал се уште трае. Ќе ги почитуваме сите препораки на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Првичната цел е да ја подигнеме свеста за физичката активност кај сите категории – и деца и адолесценти и возрасни. Тука зад мене се сите универзитетски професори, експерти кои што ќе бидат вклучени, зашто не е само да се вежба, туку треба да се одговори на многу прашања – колку да се вежба и како да се вежба за да се сочува и менталното и физичкото здравје – објасни Величковска.

vreme-e-da-bidesh-aktiven-skopje-vezhba-na-otvoreno-04.jpg

Продеканот за настава на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Борче Даскаловски, пак, рече дека предизвиците на новото време и седалниот начин на живот доведуваат до многу здравствени проблеми кај граѓаните.

-Ќе дадеме еден импулс, една насока како треба да се работи во сите возрасни категории, како правилно да се вежба со примена на одбрани дисциплини коишто се многу актуелни во светот, а и кај нас, со кои ќе можат да се подобрат и да се поттикнат одредени метаболички и физиолошки својства на организмот, а со тоа да се подобри и здравствената состојба – рече Даскаловски.

За дневниот распоред на вежби во текот на месеците мај, јуни и јули граѓаните ќе можат да се информираат на Интернет страницата на Град Скопје, како и преку социјалните мрежи на Град Скопје. За вежбање се предвидени 6 локации -две локации во Градскиот парк; паркот кај„Три Бисери“ во Аеродром; паркот во Ѓорче Петров;кај Веро Тафталиџе во Карпош и паркот во Чаир.

vreme-e-da-bidesh-aktiven-skopje-vezhba-na-otvoreno-06.jpg

Градот Скопје финансиски го поддржува овој спортско рекреативен и забавен проект со 500.000 денари.

Значајно е да се нагласи дека минатата година, во екот на пандемијата од Ковид 19, Градот Скопје адаптира дел од Програмата за спорт за 2020 година со цел на граѓаните,додека се дома,да им понуди стручно одржување на формата и здравиот начин на живот.Периодот на вонредни услови на граѓаните не им овозможи да ги посетуваат теретаните, фитнес студијата и спортските сали, па затоа Градот Скопје и тимот инструктори на скопјани импомогнаа да вежбаат дома за да продолжат со спортското живеење и физичката активност.

vreme-e-da-bidesh-aktiven-skopje-vezhba-na-otvoreno-05.jpg

Вежбите беа проследувани онлајн на официјалнатафејсбук страница на Град Скопје и опфатија различни типови на вежбање, односно по неколку серии од фитнес-кросфит, пилатес и пауер пилатес, аеробик, ултимејт фит – функционален тренинг, кондициски вежби, како и вежби за атлетика и јога.

Оваа година продолжува периодот на вонредни пандемиски услови, но со полесни рестриктивни мерки, што овозможува граѓаните да се движат и да вежбаат на отворено.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Утрово качив во автомобил тројца непознати - чекале 45 минути автобус на ладново“ - Скопјани се сол... „Нема автобуси! Бидете хумани, добри луѓе качете и вие некого и однесете го/ги д...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg