Игор Џамбазов со романтична објава: „Лани на овој ден Илина ме врати во Сретеново и праша дали планирам да ја гушнам“
- Детали
- понеделник, 03 мај 2021
„После две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, се заврте кон мене и ми кажа: А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?" - Игор се потсети на почетоците со неговата сакана со романтичен опис на фотка.
Игор Џамбазов и Илина Арсова ја започнаа својата романса во 2020-та на денешен ден, 3-ти мај и оттогаш редовно објавуваат моменти од заедничкото секојдневие на социјалните мрежи.
Запознавање со родителите и семејството, шетање по планини, одмарање покрај езеро и поврзување со природата - двајцата знаат како да уживаат во животот, а викендов го поминаа исклучени од социјалните мрежи и без телефони.
Денес, 3-ти мај, Игор романтично го одбележа периодот од една година врска, откривајќи им на фановите миг од почетокот на нивната романса.
Тој објави фотка од нив двајца и напиша:
„Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: "А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?" Излеговме од "Ланусот" и...ја гушнав. Гушката се уште трае...“
М. М. | Црнобело