Мостот со љубовни катанчиња во центарот на Скопје (фото)
- Детали
- вторник, 27 април 2021
На мостот во центарот на Скопје - Виктор, Ане, Цаци, Мони, Марина, Илија, Кире, Дијана со катанче ја „заклучиле“ својата љубов.
И постојано слушаме за мостови во градови низ светот на кои вљубените парови оставаат катанчиња за симболика на нивната љубов.
Но, дали знаете дека и во Скопје имаме таков мост?
Станува збор за мостот кој ја поврзува Македонска телевизија со трговскиот центар Веро (Џамбо).
На оградата има закачено многу катанчиња. Некои со срциња, некои со испишани или изгравирани иницијали, други со датуми, но сите со приказна за нечија љубов.
Таму Виктор, Ане, Цаци, Мони, Марина, Илија, Кире, Дијана со катанче ја „заклучиле“ својата љубов.
Фотки кои ги направивме на скопскиот мост со љубовни катанчиња:
С. С. | Црнобело / Фото: С. С.