Верче и Емилија се љубов, спасија туѓи животи - Како оди постапката за донирање на органи во Македонија?

Срцето на Верче спаси живот, сега чука во градите на младо момче, кое вечно ќе ја помни и ќе ѝ биде благодарно... Верче и Емилија Динева се љубов, тие нема да бидат заборавени, тие внесоа револуција во македонското здравство, благодарение на нивните семејства.

verche-i-emilija-se-ljubov-spasija-tugji-zhivot-kako-odi-postapkata-za-doniranje-na-organi-vo-makedonija-01.jpg

Неодамна беше изведена и втората трансплантација на срце во Македонија. Ова е нова ера во македонското здравство за која се заслужни врвните доктори, но пред сѐ хуманите луѓе.

Семејствата на Верче и на Емилија Динева претходно со одлуката да ги донираат органите на своите прерано починати сакани, во најтешките моменти на тага и болка, спасија многу животи.

Нивните имиња нема да бидат заборавени. Емилија и Верче поттикнаа еден нов бран на интерес околу донирањето на органи во Македонија.

Горјан Јовановски, момчето кое е креатор на апликацијата Мој Воздух, но и кое отворено говори и се заложува за сите општествени теми, одговори на прашањето кое на многумина периодов им мина низ глава: „КАКО СЕ ДОНИРААТ ОРГАНИ ПО СМРТ?“

Секако, никому не посакуваме трагичен крај, а секој има право да одлучи дали ќе се реши на таков чекор или не, но за оние кои се интересираат каква е постапката за спасување туѓ живот со дарување органи, во продолжение следи одговор. 

Ви го пренесуваме статусот на Горјан, кој дава корисни информации:

КАКО ДА ДОНИРАМ ОРГАНИ ПО СМРТ?

По прекрасната приказна дека срцето на Верче спаси туѓ живот, морав да проверам каков е законот за дарување на органи по смрт.

Според понова верзија на законот (од 2018), изменет е Член 28, да вели:

„Делови од телото од умрено лице заради пресадување може да се земат доколку умреното лице за време на живот изречно писмено со изјава заверена на нотар не се спротивставило на тоа.“ (https://bit.ly/3v169if)

Тоа значи дека по правилило сите сме вклучени како донори на органи, освен ако не се спротиставиме на тоа.

Во пракса не знам како оди ова, затоа ќе пробам да зборам со министерството и да дадам подетален одговор дали е потребна ваква изјава или не.

КАКО ДА ДОНИРАМ ОРГАНИ ПО СМРТ? По прекрасната приказна дека срцето на Верче спаси туѓ живот, морав да проверам каков е...

Posted by Gorjan Jovanovski on Monday, April 19, 2021

Сепак, за подетални информации, препорачуваме да погледнете: 

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМАЊЕ И ПРЕСАДУВАЊЕ НА ДЕЛОВИ НА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО ЗАРАДИ ЛЕКУВАЊЕ (Службен весник на РМ бр. 37 од 2016 година), објавен на официјалната веб страна на Министерство за здравство. 

Официјалните образци за согласност за дарување органи, објавени од Фондот за здравство, може да ги погледнете ТУКА

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg