Најрасцветаното дрво во Градскиот парк во Скопје со кое сите се сликаат (фото)
- Детали
- вторник, 06 април 2021
Ако поседите кратко на клупа во близина на ова дрво, ќе сфатите дека нема кој не застанува да направи фотка од него или фотка со него.
Во стариот дел од Градскиот парк на Скопје веќе извесен период има едно прекрасно, огромно расцветано дрво, кое ако седите на клупа и набљудувате извесен период, ќе сфатите дека личи на некој тип на туристичка атракција. Станува збор за магнолија преполна со розови цветови.
Нема кој не застанува да се слика од него, од родители со дечиња до велосипедисти и тинејџерки, сите сакаат добар кадар со розовото дрво во близина на езерцето и патеката за трчање.
Преку фотки ви го доловуваме најрасцветаното дрво во Градскиот парк деновиве:
С. С. Црнобело / Фото: С. С.