„Те сака тато, твојот вечен слуга“ - Синот на Панчо од ДНК го прослави 6-иот роденден
- Детали
- среда, 31 март 2021
Откако пред помалку од еден месец неговиот постар син наполни 10 години, сега и помалиот син на Панчо од ДНК го прослави роденденот во домашна атмосфера. Наполни 6 години.
Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК, периодов има многу поводи за славење.
На 10-ти февруари постариот син му наполни 10 години, а вчера (30.03) помалиот син му наполни 6 години.
Роденденската честитка за неговиот постар син гласеше:
„Времето лета другарче. Денес си на НИВО 10, но сѐ уште си моето мало момче и засекогаш ќе бидеш.
Среќен роденден синко. Тато те сака. Твојот вечен слуга.“
Роденденската честитка за неговиот помал син гласи:
„Со Маки наполнивме 6.
Сѐ што ти посакувам е да си вечно здрав, среќен, насмеан и безгрижен. Тоа што сигурно го знам е дека секогаш ќе бидам тука за тебе да ти ги отварам железните врати и заедно да ги пребродуваме сите убави и неубави моменти.
Те сака тато, твојот вечен слуга.“
С. С. | Црнобело