Македонија2025 нуди стипендии за студирање на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација (РАНЕПА)
- Детали
- понеделник, 15 март 2021
Македонија2025 објавува 7 (седум) стипендии за Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (РАНЕПА) во Москва за учебната 2021 година, најдобра Бизнис школа во Русија со меѓународна и национална акредитација, која според последните рангирања (во 2020 година) на универзитетите во Русија се наоѓа на 4-тото место.
И тоа за следниве области и вид на студии:
- две (2) стипендии со целосна школарина за додипломски студии по Европски бизнис, јазик и култура (4 годишни студии)
- две (2) стипендии со целосна школарина за магистерски студии по глобално лидерство (2 годишни студии) и
- три (3) стипендии со делумна школарина (50%) за магистерски студии за управување со проекти (2 годишни студии).
Ова е одлична можност за млади и амбициозни ученици/студенти да се здобијат со меѓународно искуство и диплома, и да запознаат колеги и професионалци од различни краеви на светот.
Краен рок за аплицирање: 25 март 2021 год.
Повеќе детали околу стипендиите, ќе најдете на следниот линк.