Впечатлив накит, светки: Елена Ристеска и Антониа Гиговска издоминираа со стилот на предновогодишните настапи
- Детали
- петок, 29 декември 2023
Елена Ристеска со мини светкаво сребрено здолниште и тексас чизми на високи потпетици, а Антониа Гиговска со тексас комбинација и многу впечатлив накит - пејачките издоминираа со изгледот на своите последни настапи.
Во пресрет на 2024-та година, многу наши музичари пееја во клубовите и на плоштадите низ државата.
Тие секојдневно објавуваа фотографии и видеа од своите настапи, средбите со публиката, но и од својот стил.
Па, меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание со изгледот на предновогодишните забави беа Елена Ристеска и Антониа Гиговска.
Елена пееше на скопскиот плоштад, а за настапот избра сребрено мини здолниште, со сива ролка и сив капут.
Изгледот го дополни со тексас чизми на висока потпетица и впечатливи обетки со штрас, но и со темно виолетов кармин.
Антониа, пак, за настап во клуб во Свети Николе избра комбинација од тексас, со голи рамена.
Косата ѝ беше залижана наназад, во стилот на wet hair.
Целиот изглед го дополни со големи обетки со крстови, неколку алки, црни ракавици и светкави чизми.