Македонската балерина Стефанија Гаштарска меѓу најдобрите 8 во Русија, според „Форбс“

„Ах, драги хејтери, страшно ме мотивирате, сфатете го тоа“ порача младата македонска балерина Стефанија Гаштарска, која на само 18 години стана дел од престижниот руски балетски ансамбл „Болшој“, а на 23 години ја вборјуваат меѓу најдобрите 8 балерини во Русија.

makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-megju-najdobrite-8-spored-forbs-dragi-hejteri-strashno-me-motivirate-01.jpg

Младата македонска балерина Стефанија Гаштарска, е избрана според престижниот руски магазин „Форбс“ меѓу осумте млади балерини кои се надежта на рускиот балет.

makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-megju-najdobrite-8-spored-forbs-dragi-hejteri-strashno-me-motivirate-013.JPGФото: Forbes - Принтскрин

Стефанија ја сподели оваа информација на своите профили на социјалните мрежи, а упати и силна порака до сите оние што ја критикувале и упатувале непримерни коментари до неа во минатото:

„Ах, драги хејтери, страшно ме мотивирате, сфатете го тоа. Многу љубов, ваша Стефи“ – напиша таа над објавата за нејзиниот успех.

makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-megju-najdobrite-8-spored-forbs-dragi-hejteri-strashno-me-motivirate-012.JPG

Инаку, Стефанија (23) е млада македонска балерина, која потекнува од балетско семејство, а од најмлади нозе сакала да биде дел од руската балетска сцена.

Стефанија е ќерка на нашата балерина Марија Крстевски, а на 15 години се одлучила да учествува на отворениот натпревар за руски балерини „Арабеска“, што се одржал во Перм.

makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-megju-najdobrite-8-spored-forbs-dragi-hejteri-strashno-me-motivirate-05.jpg

Таму брзо бил забележан нејзиниот талент, a oткако една година учела во Училиштето за кореографија во Перм, успеала да се запише и на Московската академија за кореографија.

За жал, ковидот и пандемијата го попречиле крајот на нејзините студии, но пред тоа, со нејзините изведби за време на училишните претстави успеала да ја импресионира публиката во „Болшој“ и на возраст од само 18 години, таа стана првата Македонка која била дел од овој престижен балетски ансамбл.

makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-megju-najdobrite-8-spored-forbs-dragi-hejteri-strashno-me-motivirate-07.jpg

Сега, руската балетската колумнистка Ана Галајда состави текст за руското издание на „Форбс“, каде ги именуваше младите балерини и балетани кои се иднината на рускиот балет.

Стефанија е доказ дека желбите можат да станат реалност, а напорната работа и трудот, секогаш на крајот може да вродат со плод.

Прочитајте и Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо

makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-megju-najdobrite-8-spored-forbs-dragi-hejteri-strashno-me-motivirate-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg