Каролина како модна икона во Италија: „Три дена во Венеција и три годишни времиња“

„Прекрасна си, кралица“, „Воодушевуваш“, „Најубавото од Македонија“, „Не само музичка, туку и модна икона“, се дел од коментарите што ги доби Каролина откако објави фотки од Италија.

karolina-kako-modna-ikona-vo-italija-tri-dena-vo-venecija-i-tri-godishni-vreminja-1.jpg

Поп-пејачката Каролина Гочева е на патување во Италија со сопругот Михаил Корубин. Патувањето го започнаа од Венеција каде што се одржува познатото Биенале и таму поминаа три дена. 

Тие го посетија македонскиот павиљон, од каде што Каролина сподели неколку фотографии и видеа.

karolina-kako-modna-ikona-vo-italija-tri-dena-vo-venecija-i-tri-godishni-vreminja-03_1.jpg

Посетија неколку изложби, се дружеа со пријатели, а низ градот го сретнаа и српскиот актер и уметник Урош Ѓуриќ, кој го глумеше ангелот во еден од најпопуларните филмови од 1990-те „Mi nismo anđeli“.

„Некои случајни средби“ напиша пејачката на фотографиите што ги сподели на Инстаграм Стори.

karolina-kako-modna-ikona-vo-italija-tri-dena-vo-venecija-i-tri-godishni-vreminja-11.jpg

Каролина објави и фотографии и видеа од деновите поминати во прекрасната Венеција, па откри дека во три дена поминале три годишни времиња.

Таа, како и секогаш воодушеви со стилот. Комбинираше тексас кошула со фармерки и палто во истата боја.

karolina-kako-modna-ikona-vo-italija-tri-dena-vo-venecija-i-tri-godishni-vreminja-05.jpg

Носеше и модерна кошула во риги со тегет панталони и палто на кое ги собрала ракавите нагоре, сето тоа дополнето со мала црвена чантичка.

Дека е шик покажа и со комбинацијата на која носеше кусо сиво-црно палто, спортско капче, интересна чанта и впечатливи балетанки со врвки врзани околу глуждот.

„Прекрасна си, кралица“, „Воодушевуваш“, „Најубавото од Македонија“, „Не само музичка, туку и модна икона“, се дел од коментарите што ги доби таа за изгледот.

karolina-kako-modna-ikona-vo-italija-tri-dena-vo-venecija-i-tri-godishni-vreminja-02_1.jpg

На патувањето во Италија, Каролина и Михаил ја посетија и Болоња, најпознатиот студентски град во Италија.

karolina-kako-modna-ikona-vo-italija-tri-dena-vo-venecija-i-tri-godishni-vreminja-03.jpg

Тие беа и во Фиренца, од каде што Каролина сподели неколку фотки и видеа од галеријата Уфици, една од најпознатите во Италија, каде што се наоѓа сликата „Раѓањето на Венера“ од Сандро Ботичели и делото „Медуза“ од Караваџо.

karolina-kako-modna-ikona-vo-italija-tri-dena-vo-venecija-i-tri-godishni-vreminja-08.jpg

karolina-kako-modna-ikona-vo-italija-tri-dena-vo-venecija-i-tri-godishni-vreminja-07.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg