Немала можност да се школува, но со помош на Сузана Турунџиева, Атиџе напиша честитка за 8-ми март
- Детали
- понеделник, 08 март 2021
„Иако (за жал) немала можност да оди во училиште и да научи да чита и пишува, таа денес изрази желба со моја помош да ја напише честитката“ – напиша Сузана во описот на фотографијата од честитката за 8-ми Март од Атиџе.
Сузана Турунџиева најголемиот дел од времето во последниов период го поминува со прекрасната Атиџе.
Тие уживаат во заеднички активности, патуваат низ Македонија, заедно пеат песни и запознаваат нови луѓе, кои ѝ помагаат на Атиџе да си ги исполни сите соништа.
Силната Атиџе им го честиташе на сите жени 8-ми Март, со честитка напишана на табла во училиштето во кое работи Сузана.
Сузана ја објави фотографијата и во описот напиша:
Иако (за жал) немала можност да оди во училиште и да научи да чита и пишува, таа денес изрази желба со моја помош да ја напише честитката и на сите жени во светот да им го честита 8ми март.
М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук