„Една е мајка“: Елена Ристеска со семејни фотографии ѝ го честиташе роденденот на мајка си
- Детали
- вторник, 23 февруари 2021
Елена секогаш говори за важноста на семејството и за болката кога го изгуби татко ѝ. Сега, со стари фотки од семејните албуми покажува каква клучна улога во нејзиниот живот има мајка ѝ.
Елена Ристеска на социјалните мрежи постојано објавува фотографии со нејзината сестра Драгица и особено со внуката Делфина.
Но, вчера (22.02) со емотивна објава и фотографии од старите албуми таа ѝ го честиташе роденденот на својата мајка.
„Една е мајка напиша Елена“, а на фотографиите имаше моменти од кога Елена била бебе, па до концертите и настапите на почетокот од нејзината музичка кариера. Исто така, Елена потсети каква русокоса убавица била нејзината мајка во младоста.
Семејните фотки:
С. С. | Црнобело