Сухејб (5) си оди дома здрав по 9 месеци хемотерапија во Детската клиника во Скопје - скока од радост (видео)
- Детали
- четврток, 11 февруари 2021
Овој мал херој 9 месеци водеше жестока борба со тешката болест, но сега својот триумф над неа го означи со ѕвонење на ѕвончето во Детската клиника во Скопје.
На профилот на министерот за здравство Венко Филипче и на Детската клиника осамнаа фотографии и видеа на кои малиот Сухејб скока од радост затоа што си оди дома здрав по 9 месеци хемотерапија во Детската клиника во Скопје.
„Јас сум здрав и сакам дома! Вака извика петгодишниот Сухејб кој после 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за детски болести.
За овој херој денес аплаудиравме со директорката Аспазија Софијанова и целиот тим.
Голем да растеш, Сухејб“, напиша Венко Филипче.
Јас сум здрав и сакам дома! Вака извика петгодишниот Сухејб кој после 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за...
Posted by Венко Филипче on Wednesday, February 10, 2021
Од Детската клиника пак порачаа: „Вака се скока од радост кога после 9 месеци си одиш дома здрав!“
Вака се скока од радост кога после 9 месеци си одиш дома здрав !
*фотографиите се одобрени од родител
С. С. | Црнобело