Онлајн платформата Разговор.мк нуди бесплатно советување и психолошка поддршка за жртвите од „Јавна Соба“

Онлајн платформата за анонимно советување, Разговор.мк, која има мрежа од 30 лиценцирани психолози, им нуди бесплатно советување на жртвите на групата „Јавна Соба“ на Телеграм.

onlajn-platformata-razgovor-mk-nudi-besplatno-sovetuvanje-i-psiholoshka-poddrshka-za-zhrtvite-od-javna-soba-01.jpgфото: depositphotos

Откако 28-годишната Ана од Кавадарци го сподели нејзиното вознемирувачко искуство со групата „Јавна Соба“ на Телеграм, јавноста се крена на нозе барајќи правда за сите девојки и жени кои биле жртви на истата.

Покрај поддршката на социјалните медиуми, сега и психолозите се обидуваат да помогнат, нудејќи им советување на жените и девојките.

Покрај психологот Ана Попризова која изјави дека средношколките жртви на „Јавна Соба“ можат да се обратат кај неа за помош, и психолозите од платформата Разговор.мк ја понудија нивната поддршка.

Разговор.мк е онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози. Основачот на платформата, Георги Михаилов, сподели дека 30-те лиценцирани психолози кои се дел од платформата нудат бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата.

Од платформата ги споделија вестите и на нивниот официјален Инстаграм профил:

„Доста е! Злоупотребата на довербата е насилство!

Разговор.мк ќе обезбеди бесплатни сесии со нашите лиценцирани психолози за сите жртви на скандалозната група „Јавна Соба“. Ве молиме контактирајте нè во приватна порака“, пишува во описот на објавата.

Важно е жените и девојките, чии чувства и достоинство беа повредени од страна на членовите на групата, да знаат дека не се сами, ја имаат поддршката од јавноста и не треба да се срамат што биле жртва на ваков ужасен скандал.

Би можело да ве интересира:

Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Миа Костова стана магистер - Синот најголема поддршка да ја победи тремата пред одбраната на трудот Инфлуенсерката и поранешна водителка денес (07.10) го одбрани магистерскиот труд...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Вива ја има тајната за енергични зимски денови Со доаѓањето на студените месеци, здравјето станува приоритет, а Вива ја нуди со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg