Психолог од Скопје со апел: „Сите жртви средношколки од Јавна Соба можат да ми се обратат за психолошка помош“

Сега треба да покажеме дека сме тука за девојките засегнати од групата „Јавна Соба“ на Телеграм, психологот Ана Попризова со потег за пофалба.

psiholog-od-skopje-so-poddrshka-site-zhrtvi-srednoshkolki-od-javna-soba-mozhat-da-mi-se-obratat-za-psiholoshka-pomosh-01.jpg

И додека регионот го тресе скандалот за грозоморните дела на професорот по глума Мика Алексиќ, Македонија ја тресе скандалот од групата „Јавна Соба“ на Телеграм, каде девојки се мета на мажи кои споделуваат нивни фотографии, лични податоци и невкусни коментари.

psiholog-od-skopje-so-poddrshka-site-zhrtvi-srednoshkolki-od-javna-soba-mozhat-da-mi-se-obratat-za-psiholoshka-pomosh-03.jpg

Ана е храбра 28-годишна девојка од Кавадарци која јавно проговори низ што минала, поради тоа што нејзина фотографија со невкусен коментар и нејзиниот телефонски број осамнале во оваа група.

По нејзиното огласување се крена лавина од реакции на социјалните мрежи, а меѓу многумината кои ѝ дадоа поддршка за потегот е и психологот Ана Попризова.

psiholog-od-skopje-so-poddrshka-site-zhrtvi-srednoshkolki-od-javna-soba-mozhat-da-mi-se-obratat-za-psiholoshka-pomosh-02.jpgФото: Фејсбук Ана Попризова

Ана, училишен психолог и гешталт терапевт, на својот Фејсбук профил напиша:

„По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош.

Ќе направиме мрежа на поддршка!

Ве молам споделете!“

psiholog-od-skopje-so-poddrshka-site-zhrtvi-srednoshkolki-od-javna-soba-mozhat-da-mi-se-obratat-za-psiholoshka-pomosh-04.jpg

Се надеваме дека и другите девојки, засегнати од групата „Јавна Соба“ ќе соберат храброст да проговорат за преживеаните трауми и ќе се обратат доколку имаат потреба од помош и поддршка.

Исто така, се надеваме дека секој од нас ќе биде доблесен да им ја даде својата поддршка, без разлика дали тоа е со дело или со збор за охрабрување на социјалните мрежи.

psiholog-od-skopje-so-apel-site-zhrtvi-srednoshkolki-od-javna-soba-mozhat-da-mi-se-obratat-za-psiholoshka-pomosh-02.jpgИзвор: Фејсбук Ана Попризова

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“ „Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg