„Сакам да се тргнам настрана, но не можам“ – Последното интервју на Тоше + објави од познатите за 40-иот роденден

Весна Петрушевска се потсети на еден од неговите настапи со неа на сцена, внукот на Зоран Џорлев напиша емотивен текст, а Бомбакис му оддаде почит со картон со напис - како се одбележува 25-ти јануари, денот кога Тоше ќе наполнеше 40 години, ако не нè напуштеше прерано?

sestra-mu-so-rodendenska-torta-vnukot-na-djorlev-so-emotiven-tekst-toshe-proeski-denes-kje-polneshe-40-godini-kako-se-odbelezhuva-denot-01.jpg

Нашиот ангел денес ќе полнеше 40 години, а животот го изгуби на 26... Познатите личности го одбележуваат 25-ти јануари, денот на раѓањето на Тоше Проески со емотивни објави.

Многумина велат дека Тоше има само ден на раѓање и тој живее вечно во нас, а тој ден е денес.

На 25-ти јануари, 2021 Тоше Проески ќе наполнеше 40 години, доколку не го загубеше трагично животот во сообраќајна несреќа во 2007-ма.

Денешниот ден ретко кој го заборава и сите негови најблиски и фанови се потсетуваат на момчето со ангелски глас кој прерано нѐ напушти.

Како и претходни години, на Фејсбук профилот на Дора, сестрата на Тоше, „осамна“ фотка од роденденска торта, декорирана со цреша, на која пишува: „Те сакаме сите Тоше“.

sestra-mu-so-rodendenska-torta-vnukot-na-djorlev-so-emotiven-tekst-toshe-proeski-denes-kje-polneshe-40-godini-kako-se-odbelezhuva-denot-02.jpg

Во чест на Тоше Проески, денес се организира и крводарителска акција од страна на Црвен крст, а во Загреб ден пред неговиот роденден, се одржа молитва, во сеќавање на непрежалениот Тоше.

Zauvijek sa nama i u srcu, 25.01., 40. rođendan Toše Proeskog! Sjećanje na čovjeka, koji je svojim djelima, kako...

Posted by Hit Records on Friday, January 22, 2021

Познатите личности се потсетуваат на Тоше со објави на социјалните мрежи:

Весна Петрушевска 

40. Тоше Проески има само датум на раѓање

„Максимално е и многу е тешко да се издржи. Шминкање, вадење шминка.. Пакување, распакување.. Преку глава ми е. Кога би можел да се телепортирам од концерт на концерт би бил најсвежиот човек на светот. Сакам да се тргнам настрана, но не можам. Машинеријата ме зеде во бубањ, како што велат старите. Нема враќање назад. За голема среќа многу ме радува што на сите тие концерти можам да се дружам со луѓето со кои енергетски се ревитализирам."
?последното интервју на Тоше во #вртелешка 

Огнен Здравковски (внукот на Зоран Џорлев)

Денес требаше да полниш 40 години... Велат на покојните не се честита роденден но сепак, "НЕКА ТИ Е СРЕЌЕН АНГЕЛУ"! Сега сте на многу поубаво место заедно со мојот најсакан, прославете го заедно таму каде што сте, така како што знаевте и двајцата.. Ве нема само физички тука, двајцата ќе живеете вечно во нас, со вашите оставени дела!!! Ве сакам најмногу и двајцата, поздрави ми го вујче и чувајте не таму од горе!!!

https://www.instagram.com/p/CKckkiVLv55/

Бомбакис

https://www.instagram.com/p/CKdzKbUrYfj/

Панчо од ДНК

Денеска ќе наполнеше 40. Незаменлива легендо, вечна ти слава 🙏 👼👼 👼👼

Posted by Vladimir Blazev on Monday, January 25, 2021
?

Прочитајте и Обожавателка во сеќавање на Тоше Проески: „Ми се јави дома затоа што ги добил сите мои пораки, ете таков голем човек беше“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Горди татковци: Марко Новески и Бомбакис на плажа со бебињата во Охрид „Богатство и љубов во една слика“, напиша Бомбакис на фотката направена на плажа...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg