Тоше Проески, среќна сум што живеев во времето кога и ти - не го прослави 40-от роденден, но ти си вечност
Денес ќе полнеше 40 години.
Но, денес те нема и срцето ме боли како и денот кога те изгубивме.
Ти беше ангелот со најубав глас,
Момчето со најчиста душа,
Мажот со најхаризматична насмевка,
Синот со најголема посветеност кон родителите,
Брат за пример,
Ти беше сѐ што некој би посакал.
Толку совршен, дури нереален.
Брзо ни се измолкна низ прстите и остави празнина засекогаш.
Но, среќна сум! Среќна што живеев во твоето време.
Среќна што ти бев на концерт,
Среќна што купував твои цедиња,
Среќна што собата ми беше излепена со постери со твојот лик,
Среќна што ми беше детска љубов,
Неисполнет сон,
Музика,
Гордост,
И среќна што си вечност.
Затоа што никој не заборава човек како тебе, талент како тебе, вонсериски пејач и светлина за оваа наша мала држава.
Ни беше амбасадор, ни беше гордост.
Не за тебе нема да зборувам во минато време.
Ти си наш амбасадор, ти си наша гордост, ти си наша најсветла точка што никогаш нема да згасне.
Среќен роденден наш вечен Тоше!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело