„Трчај во небесната савана“ – Жирафата Тобого од Скопје ЗОО ненадејно почина

„Тешко ми е како за близок човек. Колку и да ми беше тешко ќе дојдев на гости кај вас, кога ќе ви ги видев тие мили очиња заборавав на сè. Вчера ни ги скрши срцата на сите зошто си замина тивко“ - од скопската Зоолошка градина доаѓаат тажни вести за жирафата Тобого.

trchaj-vo-nebesnata-savana-zhirafata-tobogo-od-skopje-zoo-nenadejno-pochina-01.jpg

Трите жирафи во скопската Зоолошка градина беа посебна атракција, а за жал, една од нив, Тобого, ненадејно го напушти овој свет.

На Фејсбук профилот на Скопје ЗОО редовно можеме да го видиме секојдневието на животните, а посебно уживавме во фотките и видеата од играта на трите жирафи и енергијата која тие ја ширеа.

trchaj-vo-nebesnata-savana-zhirafata-tobogo-od-skopje-zoo-nenadejno-pochina-02.jpg

Но овојпат наместо среќна фотка, од Зоолошката објавија тажна вест:

Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого

Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.

Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година.

Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување 

Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен 
RIP 2010-2021

trchaj-vo-nebesnata-savana-zhirafata-tobogo-od-skopje-zoo-nenadejno-pochina-03.jpg

На својот Фејсбук профил се огласи и портпаролот на Зоолошката, Тина Мицковска, која е посебно приврзана со сите животинки и ужива во квалитетно поминатото време со нив.

Тешко ми е ко за близок човек. Ми се тресат раце додека пишувам колку ќе ми недостига.

Другарче најмило, трчкај горе на небото, во небесна савана.

Никогаш нема да те заборавам, колку и да ми беше тешко ќе дојдев на гости кај вас, кога ќе ви ги видев тие мили очиња заборавав на сè. Голем џин, а со толку кревко срце. Почивај во мир Тобого, вчера ни ги скрши срцата на сите зошто си замина тивко.

Вечно ќе недостигаш. Да знаеш само колку не боли твоето ненадејно заминување сите што те сакавме...

trchaj-vo-nebesnata-savana-zhirafata-tobogo-od-skopje-zoo-nenadejno-pochina-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Почина Зоки Фаци по долга борба со ракот Новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина утрово по до...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Најтажната приказна од Скопје ЗОО: Жирафата Флопи и нејзиниот негувател Ристе починаа во ист ден Веста за угинувањето на жирафата Флопи остави чувство на празнина и тага кај сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg