Новини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои треба да ги знаат учесниците во сообраќајот

Законот за безбеденост на сообраќајот на патиштата, како и секој друг закон е жива материја која постојано се менува и дополнува согласно новонастанатите услови и утврдените фактички состојби и потреби при неговата секојдневна примена.

novini-vo-zakonot-za-bezbednost-na-soobrakjajot-na-patishtata-koi-treba-da-gi-znaat-uchesnicite-vo-soobrakjajot-01.jpg

Со цел информирање на учесниците во сообраќајот РСБСП со појаснување на најновите измени на ЗБСП кои веќе стапија во сила.

Во прв план, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок. Притоа важно е да се потенцира дека за оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки, (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината, итн.) висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета. Согласно тоа, освен наведените прекршоци дефинирани како животозагрозувачи, за останатите прекршоци, највисока парична санкција за физичко лице, за сторен сообраќаен прекршок, изнесува 250 евра во денарска противвредност.

Новина во делот на санкционирањето е и тоа што се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок.

Покрај тоа, измените на ЗБСП предвидуваат и низа други новини од кои посебно се издвојува тоа што се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет. Како поважни одредби со кои се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет се издвојуваат:

  • Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. ( се забранува движење со тротинет на коловоз)
  • Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h., додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 km/h.
  • Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.
  • Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. ( треба, но нема санкција за не носење)
  • Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.
  • На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.

novini-vo-zakonot-za-bezbednost-na-soobrakjajot-na-patishtata-koi-treba-da-gi-znaat-uchesnicite-vo-soobrakjajot-02.jpg

Друга новина во ЗБСП е тоа што возрасната граница за издавање на возачи дозволи изнесува 75 години, наместо 70 како што беше досега со тоа што возач на моторно возило кој наполнил 75 години возраст, задолжително подлежи на контролен здравствен преглед во временски интервали кои не можат да бидат подолги од пет години.

Исто така, Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена.

Според измените на ЗБСП, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото, до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена.

Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото, која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена.

Друга важна новина е тоа што според измените на ЗБСП, доколку возачот во период од една година, откако му е изречена санкција - забрана за управување на моторно возило од определена категорија, стори друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција - забрана на управување со моторно возило, тогаш ќе му биде изречена прекршочна санкција - престанок на важење на возачката дозвола за истата категоријата за која му била изречена прекршочната санкција – забрана за управување.

Со други зборови доколку еден возач за иста категорија на возачка дозвола, за период од една година од изречувањето на првата санкција, стори друг прекршок за кој е предвидена санкција забрана за управување на моторно возило, тогаш на тој возач трајно му се одзема возачката дозвола за таа категорија.

Потсетување дека санкцијата забрана за управување на моторно возило се однесува за сторени потешки сообраќајни прекршоци – возење под дејство на алкохол и психотропни супстанции, возење во населено место со брзина поголема од 30 километри на час над дозволената, итн.)

РСБСП со апел: Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи!

Би можело да ве интересира:

Викендов почнува летното сметање на времето + како влијае промената на луѓето? Овој викенд, помеѓу 30 и 31 март започнува летното сметање на времето, што значи...
„Метеор над Охридското Езеро“: Фотографот Ристе Спироски сподели фотка од метеорскиот дожд Персеиди „Најстарото езеро во Европа и метеор“ – фотографот Ристе Спироски успеал да улов...
Инфлуенсерката Ксенија Деспотоска: „Поради бременоста, венчаницата ја шиев една недела пред свадба“ „За долгата венчаница од прв ден знаев дека сакам ваков фустан и мислам дека мож...
Христина Пан по третманот на ќерка ѝ (2) во Турција: „Хероинава победи уште една претешка битка“ „Уште една голема и претешка битка победивме, победи хероинава, мала, а најголем...
Мала елка и скромни декорации на плоштад Македонија – Како се украсени скопските општини? (фото) Скромна елка и неколку поголеми празнични декорации – како изгледа плоштад Макед...
Жирафата Флопи угина од тумор на црниот дроб, потврдија од Скопје ЗОО Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg