„Метеор над Охридското Езеро“: Фотографот Ристе Спироски сподели фотка од метеорскиот дожд Персеиди
- Детали
- понеделник, 12 август 2024
„Најстарото езеро во Европа и метеор“ – фотографот Ристе Спироски успеал да улови мал дел од метеорскиот дожд „Персеиди“ во својот објектив, а фотографијата е магична.
Во текот на изминатата ноќ (помеѓу 11-ти и 12-ти август), љубителите на ѕвезденото небо имаа можност да го проследат најголемиот метеорски дожд годинава, кој уште се нарекува „Персеиди“.
Фотографот Ристе Спироски од Охрид, како и секоја година, така и оваа бил подготвен да го долови со својот фотоапарат неповторливиот миг, кога над Охридското Езеро може да се видат голем број метеори.
„Метеор над Охридското Езеро. Синоќа околу 1.40 часот по полноќ ја направив оваа фотографија од Охридското Езеро, кое е најстарото езеро во Европа и метеорот.
Поминавме околу 2 часа во планирање на оваа фотографија и бевме среќни што ја уловивме додека уживавме во метеорскиот дожд „Персеиди“ и имавме можност да видиме над 10 светли метеори во помалку од еден час“ – напиша тој до фотката што ја објави на Инстаграм.
Инаку, Ристе на Инстаграм Стори објави и фотки од подготовките за фотографирање и од моментот кога успеал да ја улови совршената фотка.
За читателите на CRNOBELO.com Ристе сподели уште неколку фотки од метеорите, што успеал да ги фотографира во текот на минатата ноќ.