Мала елка и скромни декорации на плоштад Македонија – Како се украсени скопските општини? (фото)
- Детали
- вторник, 19 декември 2023
Скромна елка и неколку поголеми празнични декорации – како изгледа плоштад Македонија во празничната сезона? Кои други скопски општини се украсени и дали имате фаворит?
Изминативе недела-две, дел од скопските општини беа украсени, а наводно привршува и украсувањето на плоштад Македонија.
За разлика од претходните години, центарот на градот е поскромно украсен. Во близина на фонтаната е поставена релативно мала елка, а одоколу се забележуваат поголеми празнични декорации со сијалички.
фото: Фејсбук
На социјалните мрежи се шпекулира дека украсувањето на плоштадот уште не е завршено, односно дека можеме да очекуваме уште декорации.
фото: Фејсбук
фото: Фејсбук
За разлика од плоштадот, некои скопски општини се поукрасени.
На плоштадот во Автокоманда е поставена елка, а околните дрвја се украсени со сијалички.
фото: Фејсбук
Во општина Центар се забележуваат украси во форма на снегулки низ улиците, а има сијалички, како и елка.
фото: Фејсбук
Во Ѓорче Петров, пак, покрај сијаличките, поставени се чадорчиња со сијалички, како и декорација која наликува на празнично катче.
фото: Фејсбук
Како е украсено низ Скопје?
Спирова С. | Црнобело