„Споделуваме позитивна енергија“ – вработените од УНИБанка танцуваат на предизвикот #JerusalemaChallenge
- Детали
- вторник, 05 јануари 2021
И вработените од УНИБанка го прифатија светски познатиот предизвик #JerusalemaChallenge, објавувајќи видео во кое танцуваат на африканскиот хит Jerusalema.
#JerusalemaDanceChallenge, или #JerusalemaChallenge, e уште еден предизвик со танцување кој се појави за време на пандемијата, а деновиве почна да се прославува и кај нас.
Светски познатиот предизвик го започнаа група танчари од Ангола, откако објавија видео со нивна кореографија на африканскиот хит Jerusalema. Нивната цел била едноставна – да шират порака за надеж во овие тешки времиња. Набрзо предизвикот се прослави ширум целиот свет, а периодов „пристигна“ и кај нас.
И вработените од УНИБанка решиле да го прифатат предизвикот и објавија видео на Фејсбук, во кое танцуваат пред нивната експозитура во центарот на Скопје.
„Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашата експозитура на Плоштад Македонија.
2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година којашто нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции“, пишува во нивната објава.