Кике Цветче: „Колку и да ми предизвика болка разводот на моите родители - ми ја зајакна врската со татко ми“
- Детали
- вторник, 08 октомври 2024
„Од мојата десетта година, дружбите со тато се редуцираа на неколкупати неделно“, ја започнува својата емотивна објава Кике Цветче.
Кике Цветче е наша инфлуенсерка, која направи драстична телесна трансформација и е позната по интересните видеа со саканиот Иван Ајнштајн, но и со позитивната енергија која ја носи во себе.
Таа неодамна откри дека му приредила изненадување на својот татко, за тој да лета со авион првпат на 60 години.
Но, сега искрено проговори и за односот со него, односно за тоа колку се раздалечила со татко ѝ, откако се развеле со мајка ѝ, но и како денес гледа на работите од оваа перспектива.
Нејзината објава на Инстаграм гласи:
„Од мојата десетта година, дружбите со тато се редуцираа на неколкупати неделно. Со тек на време сфатив дека, колку и да ми предизвика болка разводот на моите, од друга страна ми ја зајакна врската со тато.
Сакавме да го искористиме секој момент најдобро што можеме и тоа го зголеми квалитетот на нашето време заедно.
Така стигнавме и до неговото прво летачко искуство. Фала ти што ми веруваше и му се препушти на Рим“.
С. С. | Црнобело