Во Едукативниот центар за зачувување на природата Негрево запознајте ја природата од Брегалничкиот Слив

Дали би сакале да научите повеќе за природата и биолошката разновидност во Брегалничкиот Слив? Кои растителни и животински видови може да се сретнат во реките и планините околу нас? Дали би сакале да поминете еден убав фамилијарен ден во природа на чист воздух?

vo-edukativniot-centar-za-zachuvuvanje-na-prirodata-negrevo-zapoznajte-ja-prirodata-od-bregalnichkiot-sliv-01.jpg

Во 2018 година со поддршка на Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координирaн од Фармахем, во село Негрево кое се наоѓа на само 3 км од Пехчево на 1.020 м.н.в., во старото основно училиште е отворен модерен и интерактивен Едукативен центар за зачувување на природата. Центарот е опкружен со прекрасна природа, разни видови на дрвја и растенија, чист воздух и убави пејзажи од Малешевијата.

Доколку сакате да дознаете што нуди овој Едукативен Центар за зачувување на природата погледнете го промотивното видео:

Eдукативниот центар за зачувување на природата Негрево нуди можност на побрз, полесен и визуелно повпечатлив начин да се прикажат сите природни процеси и богатства како и да се придонесе во едукацијата за зачувување на природата во Брегалничкиот Слив.

vo-edukativniot-centar-za-zachuvuvanje-na-prirodata-negrevo-zapoznajte-ja-prirodata-od-bregalnichkiot-sliv-02.jpg

Внатрешниот дел на Центарот се состои од 4 простории, а во секоја од нив се разработени 4 различни теми: Брегалнички Слив и значењето на водата, најкарактеристични видови на живеалишта во Брегалничкиот Слив, хербариум и инсектариум и просторија со збирка на семиња на земјоделски култури и збирка на фосили. Повеќе детали за секоја од просториите кои се дел од Едукативниот центар за зачувување на природата може да прочитате тука.

vo-edukativniot-centar-za-zachuvuvanje-na-prirodata-negrevo-zapoznajte-ja-prirodata-od-bregalnichkiot-sliv-03.jpg

Уредениот двор на Едукативниот центар за зачувување на природата има голем број на елементи за интерактивни активности на отворено за деца, млади и возрасни. Центарот, преку пешачко-едукативната патека „Патеката на Петко и шумските жители-Пехчевска авантура”, е поврзан со локалитетот Јудови Ливади, каде може да се види инсектојадното растение муволовка (Drosera Rotundifolia), кое е ендемичен вид за овие простори.

Вашата следна прошетка во природа нека биде едукативна и забавна. Посетете го Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, запознајте ја природата и грижете се за неа.

Би можело да ве интересира:

Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
„Три Круши“ - локалитет во близина на Скопје кој мора да го посетите Тука ќе се релаксирате, ќе уживате во погледот на целиот град а воедно и во миро...
Македонката Бетика како ледена кралица на Вевчанскиот карневал: „13 години ти се враќам мое мило Вев... „Мое Вевчани… Ти се вратив дури и од Лапонија, ти се враќам секоја година, пак и...
Илина Арсова објави фотки од снегот во Ноксвил, САД: „Ме потсеќа на детството во Скопје“ „Некогаш Скопје беше прекриен со снег, а небото беше чисто и во зима“... Илина А...
Нов мурал во Скопје посветен на Александар Џамбазов: Игор упати емотивна порака, Дац и Александар ќе... „Од денес па сѐ до вечноста, овој мурал во Дебар Маало секојдневно ќе нѐ потсету...
Ведрана Ѓорѓевиќ по запросувањето на Занзибар: „Цело време сум го носела вереничкиот прстен со мене ... „Кога Андрија ме запроси, бев искрено шокирана. Mојата прва реакција не беш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg