Ведрана Ѓорѓевиќ по запросувањето на Занзибар: „Цело време сум го носела вереничкиот прстен со мене без да знам“
- Детали
- среда, 06 март 2024
„Кога Андрија ме запроси, бев искрено шокирана. Mојата прва реакција не беше воопшто романтична. Прво го прашав дали ме зафркава. Веројатно од шок не знаев што да кажам“, раскажа Ведрана Ѓорѓевиќ за CRNOBELO.com.
Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ неодамна се вери со својот долгогодишен дечко, диџејот Андрија Антиќ од Србија, кој во јавноста е познат како Ендру Мелер.
Тој ја запроси додека беа на одмор на Занзибар, на зајдисонце, а Ведрана вели дека од романтичниот момент кога Андрија клекнал на колено, имаат видео кое баш и не е за во јавност, па затоа извадиле само една фотографија.
Парот постојано патува низ светот поради работата на Андрија, кој е диџеј. Ведрана, пак, има своја маркетинг агенција, но тоа ѝ дозволува да работи од која било локација.
Освен што работат додека се на овие патувања, тие истовремено уживаат и во љубовта и во сè она што им го носи животот.
За CRNOBELO.com, Ведрана раскажа интересни детали за нив двајца, но и за нивната љубовна приказна:
„Штотуку наполнив 36 години, бар така пишува во личната карта, но душава вели 27. Јас сум родена во Скопје и до ден денес живеам тука.
Професиите многу често ги менував и надградував. Освен професијата водител, имам своја маркетинг агенција која е најмногу насочена кон видео продукција и постпродукција на реклами и дигитална содржина.
А, во моментов сум и менаџер на Андрија, мојот иден сопруг.
Андрија доаѓа од Пожаревац, има 38 години, завршил школо за ‘машинец’ и тоа го работел во Србија 11 години.
Но, паралелно се занимавал и со диџејство и аудио продукција. Андрија оваа година ќе направи 18 години како работи како диск џокеј и тоа му е единствен фокус во моментов.
Се запознавме во Скопје пред неколку години кога пушташе музика, а заедно сме една година после тоа.
Во моментов живее со мене во Скопје, кое го обожава и е одличен амбасадор во претставувањето на нашата земја.
Никогаш не сме разговарале за брак, но секогаш бевме сигурни дека сме создадени еден за друг.
Благословена сум што најдов ваков прекрасен човек и секој ден се заблагодарувам на Бога. Едноставно, тој е моето сигурно место.
Кога ме запроси, јас бев шокирана, ама искрено шокирана.
Во ниеден момент не помислив на вакво нешто и мојата прва реакција не беше воопшто симпатична и романтична.
Прво го прашав дали ме зафркава. Веројатно од шок не знаев што да кажам, а следно беше дека прстенот го ставил наопаку во кутивчето.
Моментот на запросување е снимен со видео на GoPro, па извадивме една фотографија затоа што конверзацијата не е баш за пред сите ха, ха.
Андрија често носи опрема со себе, GoPro, професионален апарат, дрон и често снима природа, зајдисонце, па воопшто не ми беше чудно кога рече да застанеме за да сними time-lapse и во ниеден момент не помислив дека тоа е тој момент.