Наши млади иноватори се победници на натпреварот „Идеи за акција“ на Светска банка

Светска банка и Зиклин центарот при Бизнис школата Вартон на Универзитетот во Пенсилванија ги објави победниците на својот глобален натпревар „Идеи за акција“ (Ideas4Action).

nashi-mladi-inovatori-se-pobednici-na-natprevarot-idei-za-akcija-na-svetska-banka01.jpg

Еден од седумте победници, во конкуренција од 4 000 тимови се младиот тим „Нешто нетипично“ учесници на националниот младински предизвик Генерација без граници, дел од партнерството на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ.

Нивното иновативно решение е мобилната апликација - Walkiie со која семејствата и пријателите на лицата со попреченост се поврзуваат со волонтери, кои организираат социјални активности за овие лица.

„Многу сме среќни за успехот што го постигнавме што не е само наш, личен, туку и успех за целата држава. Благодарни сме на приликата што ја добивме и поддршката, а најмногу се радуваме што апликацијата вистински ќе им помогне на лицата со попреченост“ - рече Елена Божиновска од тимот Нешто нетипично.

Со младинскиот предизвик Генерација без граници, млади иноватори беа поканети преку јавен повик да креираат иновативни решенија како одговор на прашањето „Како може дигиталната технологија да придонесе кон поактивно вклучување на децата и младите во образованието и во секојдневниот живот? Освен финансиска, тимовите добија и менторска поддршка од инженери, ИТ и маркетинг специјалисти.

„Навистина беше чест да се работи со ваков тим млади луѓе, кои и самите се волонтери и јасно ја согледаа потребата од ваква апликација која ќе направи разлика во квалитетот на живот на лицата со попреченост“ – вели Боро Петкоски од Македонски Телеком, ментор на тимот Нешто нетипично.

Ова е второ големо признание за младите тимови од иницијативата Digital Inclusion. Неодамна, тимот e-Bionics победи на глобалниот младински предизвик Генерација без граници 2019/2020, во категоријата тимови на возраст под 18 години. Нивното решение VenusArm (Раката на Венера) е 3Д печатена бионичка рака наменета за лицата со недостаток на горен екстремитет.

Би можело да ве интересира:

Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...
Кике Цветче: „Колку и да ми предизвика болка разводот на моите родители - ми ја зајакна врската со т... „Од мојата десетта година, дружбите со тато се редуцираа на неколкупати неделно“...
Живеам во Стојаково - Првомајските трки со коњи, магариња и рачни колички се главен настан секоја го... Зошто да го посетите Стојаково токму на први мај? Зашто тогаш улиците се преполн...
Јелена Спенџарска сама на одмор: „Излезете од сопствените граници, не знаете каде ќе ве одведе живот... „Еден ден кулирав на плажа во Сплит, другиот ден се журкав „како да нема утре“ н...
Златко од Виница по ампутација на нозете изоде 5km на маратон: „Ми требаше седумпати повеќе сила од ... „Моите 5km ги изодив за 50 минути и 40 секунди. Временските услови не беа и...
Мартија Станојковиќ провокативна во фустан со отсечоци - Ја покажа тетоважата на грбот (фото) Во црн фустан-ролка, со длабок шлиц и гол грб, Мартија Станојковиќ покажа зошто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg