Живеам во Стојаково - Првомајските трки со коњи, магариња и рачни колички се главен настан секоја година

Зошто да го посетите Стојаково токму на 1-ви Мај? Зашто тогаш улиците се преполни: со стари кои си враќаат спомени од минатото, со млади кои имаат сјај во очите, но и со најмалите во кои лежи надежта за зачувување на иднината на селото.

prvomajski-trki-vo-stojakovo-trki-so-konji-trki-so-magarinja-a-ovaa-godina-poseteni-i-od-igor-dzambazov-01.jpg

Традицијата е од огромно значење за еден народ, а во денешно време, борбата за зачувување на она што ни е останато од нашите предци, е вистински предизвик.

Но, вложувањето труд и пренесувањето на обичаите од колено на колено, го негува духот на минатото и создава спомени вредни за паметење…

Со таков предизвик се соочени и жителите на село Стојаково, мало место во општина Богданци, каде веќе седум децении редовно се одржуваат првомајски трки.

prvomajski-trki-vo-stojakovo-trki-so-konji-trki-so-magarinja-a-ovaa-godina-poseteni-i-od-igor-dzambazov-04.jpg

Денес, жителите од моето село гордо зборуваат за трките кои вбројуваат трки со коњи, магариња, трки со велосипеди, улични трки, трки со вреќи, влечење со јаже, натпреварување со рака…

Во секоја дисциплина има награди за првите тројца учесници.

Изминатата година беше воведена уште една дисциплина, трка со рачни колички, каде што учествуваат по двајца: една личност седи во количката, додека друга личност ја турка до целта.

Насмевките и возбудата која ја носат трките не може да се раскаже, туку само да се доживее во единственото Стојаково.

prvomajski-trki-vo-stojakovo-trki-so-konji-trki-so-magarinja-a-ovaa-godina-poseteni-i-od-igor-dzambazov-05.jpg

Се знае како започнува првомајското утро: првото утринско кафе ќе биде испиено на центарот, зашто тука, на 1-ви Мај, секогаш имаме друштво и тоа бројни посетители кои ги бодрат натпреварувачите.

Несебичното и неуморното залагање на стојачани за сочувување на оваа традиција, е доказ за тоа колку е важно наследството од нашите татковци, дедовци.

Организаторите неуморно работат за да опстои секоја дисциплина, па, иако во минатото повеќе домаќинства од Стојаково чуваа коњи и магариња, а денес е намален бројот на учесниците во овие дисциплини, сепак, не се дозволува овие дисциплини да исчезнат, па се настојува настанот да биде како и досегашните.

prvomajski-trki-vo-stojakovo-trki-so-konji-trki-so-magarinja-a-ovaa-godina-poseteni-i-od-igor-dzambazov-03.jpg

Зошто да го посетите Стојаково токму на 1-ви Мај? Зашто тогаш улиците се преполни: со стари кои си враќаат спомени од минатото, со млади кои имаат сјај во очите и со најмали во кои лежи надежта за сочувување на иднината и традицијата на селото.

Во минатото, првомајските трки во Стојаково беа посетувани од познати личности, а оваа година, Стојаково повторно гордо ќе го пречека Игор Џамбазов, кој и самиот го изјави тоа, токму од центарот на Стојаково…

Чујте, почујте!📢📢📢 Нашиот и ваш Игор Џамбазов , оваа година ве кани сите да нѝ дојдете на гости и да бидете дел од овогодинешните Традиционални Првомајски Трки во центарот на центарот на Македонија, СТОЈАКОВО! Трки со магаријна, којни, атлетски трки,влечење јаже, борба на рака, трка со велосипеди. Не давајте никој, дека да ојте за први мај да ве разубеди. Ца дружме, ца смејме, за годинте поминани,убави, ци спомниме, Нова традиција ци почниме. Така да нема шо да имте дилема, Елајте во Стојаково на први мај, да бијте јака шема.

Posted by Zhivanka Morris on Saturday, April 20, 2024

Стојаково е големата љубов на Игор Џамбазов, а сигурно ќе ја препознаете и неговата испеана „Стојаково блуз“, омилена на стојачани …

За да ја почувствувате магијата и искрената радост, треба да бидете дел од оваа манифестација.

Па, ако се двоумите каде за 1-ви Мај, тогаш патот нека ве води токму кон Стојаково, каде што ќе бидете со насмевка пречекани, а ќе заминете со спомени кои само овде може да ги добиете…

prvomajski-trki-vo-stojakovo-trki-so-konji-trki-so-magarinja-a-ovaa-godina-poseteni-i-od-igor-dzambazov-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. Ѓ | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...
Ги вративме познатите Македонци во школска клупа – откриваат какви спомени им буди 1-ви септември „Првиот училиштен ден како прваче некако ми е низ магла, но се сеќавам на трема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg