Во годинава што изминува општествената одговорност еден од главните фокуси на Халкбанк

Халкбанк перманентно дава поддршка на најразлични сегменти од секојдневниот живот. Ги поддржува спортот, културата, екологијата, а годинава кога пандемијата со Ковид-19 удри силно по секој граѓанин и државата во целина, општествената одговорност на Банката дојде до вистински израз.

vo-godinava-shto-izminuva-opshtestvenata-odgovornost-eden-od-glavnite-fokusi-na-halkbank-01.jpg

Халкбанк на дадената ситуација одговори со ургентно донесени мерки кои се однесуваат на државата и на граѓаните. Последната таква голема акција беше обезбедување донација во висина од 50.000 евра за набавка на брзи тестови, што се реализираше на барање на Клиниката за инфективни и фебрилни болести.

Халкбанк инаку со стартот на пандемијата, а соодветно на одговорноста што како најбрзорастечка банка ја има кон државата, донесе низа мерки кои се однесуваа на државата и граѓаните. Една од нив беше аконтативната уплата на даночната добивка во висина од 71.8 милиони денари, што беше во насока на обезбедување поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, за да може да се зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството.

Истовремено беше укината наплатата на провизии на физички лица за сите плаќања во денари направени преку e-banking и moby banking, а спроведена е и рана исплата на пензиите за примателите на пензии преку Банка.

Една од главните мерки што ја донесе Халкбанк во поглед на населението беше одложување на сите кредитни изложувања во период од шест месеци. Понудата, којашто ги опфаќа и пензионерите, даваше можност за одложување на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања) во вид на 6 месечен грејс период со почеток на пресметка од 01.03.2020 и со траење до крајот на август.

Не беше заборавено и стопанството за кое Халкбанк усвои мерки и подготви пакет производи кои ги сподели со своите клиенти – правни лица, почнувајќи од најмалите микро до корпоративните компании.

Со оглед на кризата, во фокусот се најдоа и некои други проекти кои значеа поддршка за граѓаните и компаниите. Па така, со оглед дека голем број сектори беа сериозно погодени од пандемијата, преку медиумите се организираше доделување ваучери за производи и услуги на голем број мали бизниси – угостителски објекти, цвеќари, салони за убавина, спортски центри и други, клиенти на банката.

Дополнително, заедно со Mastercard се креираше кампања „На наша сметка“ со која сите физички лица, нови или постоечки клиенти, доколку станат корисници на некој нов производ, добиваа Mastercard дебитна картичка и вредносен ваучер од 500 денари кој можеа да го искористат во еден од локалите клиенти на филијалата од каде го подигнале ваучерот. Оваа поддршка на локалните бизниси за Банката беше инвестиција од над 25.000 евра.

Во овој кризен период Халкбанк ја прошири и платформата HalkEco. Преку неа беше организирана трката HalkEco хронометар 10км каде Банката беше генерален покровител, а во Маврово беше организирана и првата хронометар велосипедска трка Halk Velo Green.

Во рамки на HalkEco чија основна цел е поттикнување здрави животни навики и адекватно на тоа засадување дрвја, Халкбанк за една година засади над 17.000 садници. Во неколку наврати засадени се над 9.000 дрвја низ државата, меѓу кои, 6.000 во Велес, 220 садници во училишните дворови во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Богданци, како и 2.790 садници во реонот меѓу Битола и Демир Хисар. Дополнително, засадени се и 8.000 дрвја во Свети Николе, со средствата собрани од котизациите на учесниците во Halk Velo Green. Од неодамна, Халкбанк стана и единствената банка од регионот која се вклучи во глобалната иницијатива на Mastercard, „Priceless Planet“.

Банката, преку HalkEco ги реновираше сите мостови во вториот дел од Градскиот парк како помош на Град Скопје, а поддршка е дадена и на општина Карпош каде во ТЦ Лептокарија е оформен Халк Корнер – убаво катче, со зеленило, урбана опрема, систем за наводнување и содржини за деца. Ова лето се постави и првата еко автобуска постојка во општина Аеродром, која е опремена со зелен и одржлив покрив и е прва и единствена од ваков вид во земјава. Под капата на HalkEco, реновиран е и мост во Крушево кој го поврзува градот со природата.

Халкбанк АД Скопје во 2020 година продолжи со поддршка на културата. Се продолжи партнерството со филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, кое трае веќе три години, а се поддржаа и други културни настани како Beach Film Festival во Охрид, Струмица Опен и Литера. Воедно, во знак на финансиска помош за дејностите кои се едни од најпогодените во кризата предизвикана од КОВИД-19, Банката откупи билети за идни претстави во Македонскиот Народен Театар, а даде поддршка и преку откуп на фото права од уметничките автори од фото сојуз на РСМ.

Халкбанк го продолжи партнерството со ракометната федерација, како генерален спонзор на еден од најуспешните и најомилените македонски спортови.

Оваа година, наместо класично надворешно рекламирање, Халкбанк на креативен начин придонесе за вистинско разубавување на градот. Преку голем мурал, Банката оддаде почит на луѓето од заедницата и на вистинските вредности што треба да се негуваат. Па така, корпоративниот слоган на банката „Важни се луѓето“ е пресликан на зградата веднаш до гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Филозофија на нашата матична банка е со програми за корпоративна одговорност да се поддржува заедницата во која делува. И ние оваа филозофија максимално гледаме да ја реализираме во нашата земја. Ние сме поддржувачи на културата, спортот, а посебен акцент даваме на животната средина и на поттикнување здрави животни навики. Меѓутоа, сето ова годинава беше надополнето со активности насочени кон помош за справување со кризата од Ковид-19. Сите овие активности кои ги реализираме се дел од нашата определба да бидеме „банка на луѓето“, но произлегуваат и од фактот дека Халкбанк е една од четирите најголеми банки во земјава, што носи и дополнителна одговорност. Ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, особено идната година која е јубилејна и во која меѓу другото, со низа проекти од општествено значење ќе одбележиме 10 години присуство на брендот Халкбанк на македонскиот пазар“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg