Радован Витошевиќ е добитник на наградата за Менаџер на годината до 40 години
- Детали
- петок, 11 декември 2020
На овогодинешното издание на Мажи на годината за 2020 година, кое се одржа на 28 ноември, наградата за Менаџер на годината до 40 години замина во рацете на Радован Витошевиќ, генерален и регионален директор на myWorld во четири држави, Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.
„Чест и задоволство ми е што оваа година сум добитник на едно вакво признание, кое за мене претставува препознавање на целиот труд кој го вложувам, не само изминатата година, туку и годините пред тоа. Ова признание е мотив и поттик дека сум на прав пат и дека треба да продолжам да го правам ова на исто и подобро ниво.” – изјави Радован Витошевиќ.
Радован Витошевиќ кој не само што е успешен во бизнисот, тој успеа неговата книга “Будење на свеста” или “Awakening Consciousness ”да ја направи бестселер за 2020 година и да ја пробие на светскиот пазар пласирајќи ја на светски познатите платформи за онлајн продажба како Амазон, myWorld, Kindle, и многу други.
Кратко инфо за Радован Витошевиќ
- Регионален директор за myWorld за државите Македонија, Бугарија, Албанија и Косово
- Менаџер на годината до 40 година прогласен од Мажи на Годината 2020
- Автор на најпопуларната книга за личен развој во 2020 година „Будење на свеста” или „Awakening Consciousness”
- Борис Трајковски стипендист на Шефилд Универзитетот за магистерски студии (Executive Master of Business and Administration).
- Стипендист на докторски студии на Key West University of Florida, USA во областа DBA (doctor of business and administration) кое е највисок степен на образование во областа на бизнисот, финансирано од Московски Универзитете за Финансии и Право (Московский финансово-юридический университет).
За повеќе информации за Радован Витошевиќ можете да прочитате ТУКА.