Филип Морис ТКП доби признание од Управата за јавни приходи за висок степен на даночна култура во 2020 година

(Скопје, 27.11.2020) - Управата за јавни приходи ѝ оддаде признание на компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје за искажан висок степен на даночна култура во 2020 година.

filip-moris-tkp-dobi-priznanie-od-upravata-za-javni-prihodi-za-visok-stepen-na-danochna-kultura-vo-2020-godina01.jpg

Признанието кое се однесува на редовно сервисирање на даночните обврски, што е од исклучителна важност за стабилноста и ликвидноста на државниот буџет, УЈП го доделува на компании со висока даночна култура во рамките на одбележувањето на 29ти ноември – Денот на даночните работници.

Компанијата Филип Морис ТКП, како заедничка компанија на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Комбинат Прилеп во целост ги применува и следи принципите на работа на ФМИ кои меѓу другото подразбираат општествена одговорност, строго почитување на даночните прописи и редовното сервисирање на сите обврски кон државата, но и кон деловните партнери.

При доделување на признанието Михаел Солтер, Генералниот директор на ФМТКП истакна дека улогата на УЈП е многу значајна и нагласи дека Филип Морис применува високи стандарди на работа и бара од компаниите со кои соработува да ги исполнуваат истите тие стандарди, меѓу другото и во поглед на исполнувањето на даночните обврски. Нагласи и дека Филип Морис гледа на УЈП како партнер во поглед на решавање на прашања поврзани со даночното работење.

Денот на даночните работници се одбележува од 1997 година со цел да се даде внимание на даночните работници од Управата за јавни приходи, Царинската управа и други даночни служби во обезбедувањето финансиски средства за функционирање на државата.

Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, одбележувањето на прaзникот се организира онлајн, а компаниите кои добија вакво признание имаа средба со директорката на УЈП, г-ѓа Сања Лукаревска.

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg