„Среќна сум со моето тело, но може да видите целулит и на мене“ – Македонка ја покажа реалноста зад совршените Инстаграм фотки
- Детали
- петок, 27 ноември 2020
„Вежбам затоа што сакам и затоа што тоа ми помага за мојот добар изглед. Но, од друга страна, може да видите целулит и на мојата кожа“ - блогерката Антонија Локвенец упати силна порака до девојките кои мислат дека сè што гледаат на Инстаграм е совршено и во реалноста.
Антонија Локвенец е македонска блогерка чија најголема цел е да ги научи фановите како да се сакаат себеси какви што се, но и да работат на себе и на своето ментално здравје, ако сакаат да се променат и да бидат посреќни со себе.
Нејзината рутина за вежбање во раните утрински часови им е восхитувачка на сите, но тоа ѝ овозможува да го одржува своето тело во идеална форма.
Но, и покрај тоа што нејзината линија на телото е завидна и изгледа одлично, сепак Антонија открива дека и таа не е имуна на целулит, како и многу девојки.
Летово, блогерката Александра Трпеска храбро објави фотки од својот целулит, а сега истото го направи и Антонија Локвенец.
Сакајќи да укаже на лажната совршеност која ја гледаме кај девојките на Инстаграм, Локвенец храбро објави видео во кое ја покажа разликата помеѓу совршеност и реалност.
На првото видео на Инстаграм Стори, нејзината кожа е мазна и таа напиша: „Многу сум среќна со моето тело во моментот. Вежбам затоа што сакам. Тоа прави да се чувствувам добро, а се грижи и за мојот добар изглед.“
На второто видео, таа се снима на директна светлина и од друг агол, каде може да се забележи поинаква слика од претходно и упати силна порака до девојките:
„Од друга страна, погледнете го ова видео со директна светлина и друг агол. Може да видите целулит и текстури на мојата кожа. Лесно е да паднете во замката на социјалните мрежи наречена „совршеност“. Па, мислев дека е добро да споделам потсетник дека ништо не е совршено.“
Локвенец и претходно има објавувано фотки кои покажуваат колку може да смени позирањето и дека никој не изгледа совршено во секоја поза:
Пред пандемијата, Антонија гостуваше во нашата редакција, нејзиното интервју може да го погледнете ТУКА.
М. М. | Црнобело