Видео интервју со Антонија Локвенец: Како е да се биде... инфлуенсер
- Детали
- среда, 10 април 2019
Колку се заработува од професијата инфлуенсер во Македонија и колку Инстаграм е искрен приказ на реалноста? Антонија Локвенец на гости во CRNOBELO.com...
Антонија Локвенец има 20 години и работи како инфлуенсер. Вели дека е одлично што нема канцелариска работа од 8 часа, но од друга страна вели дека е стресно 24/7 да си онлајн и дека едноставно луѓето тоа го очекуваат од тебе.
Открива дека секој ден ѝ е поинаков, дека најубавите фотки се оние спонтаните, плус ни покажува неколку трикови за позирање.
Локвенец беше гостинка во редакцијата на CRNOBELO.com и ни ја раскажа својата професионална приказна.
Погледнете го видео интервјуто со Антонија Локвенец:
С. С. | Црнобело