Освојте Пежо 2008 во големата новогодишна наградна игра на Веро
- Детали
- четврток, 19 ноември 2020
Веро подготви големо новогодишно изненадување за своите потрошувачи – наградна игра со многу вредни награди и најпримамливи главни премии, автомобил пежо 2008 актив (Peugeot 2008 Active) и телефон самсунг галакси ноут 20 (Samsung galaxy note 20).
Новогодишната наградна игра „Веро повторно ве радува и со ново пежо ве наградува“ почна од 15 ноември и ќе трае до 30 декември. Покрај двете главни премии, наградниот фонд го сочинуваат и голем број вредни награди, како што се 6 таблети, 6 мобилни телефони, 6 телевизори, 6 лаптопи, 30 рачни часовници, како и по 30 вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари.
Во новогодишната наградна игра на Веро може да учествуваат сите потрошувачи кои ќе направат сметка од 300 денари за означените промотивни производи во маркетите. За секоја таква сметка добиваат купон, кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии поставени во секој Веро маркет. Секоја сабота со јавно извлекување во Веро центар во Скопје ќе се доделуваат неделни награди, односно по еден таблет, мобилен телефон, телевизор, лаптоп, по 5 рачни часовници и по 5 вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари.
- Новогодишните и божиќните празници се период на дарување и радување на оние што ни значат најмногу. За нас тоа се нашите ценети потрошувачи. Покрај хуманитарните активности наменети за социјално загрозените категории, годинава по вторпат решивме да ги израдуваме и потрошувачите со многу вредни награди. Големиот интерес за наградната игра што ја организиравме летово ни потврди дека нашите потрошувачи нѐ препознаваат како искрен партнер во кој имаат голема доверба, така што решивме да им ги разубавиме и претстојните празници – вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.
Големото извлекување на главните премии е закажано за 30 декември во Веро центар, а имињата на добитниците на неделните и на главните награди ќе бидат објавени на социјалните мрежи на профилите Веро маркети. Сите учесници во наградната игра задолжително треба да ги чуваат фискалните сметки бидејќи без нив нема да може да ги подигнат наградите.