Средниот син на Перо Антиќ го слави 8-иот роденден – како му честитаа родителите? (фото)
- Детали
- четврток, 19 ноември 2020
Трите синови му се најголемо богатство на Перо Антиќ, а неговиот среден син Павел денес го слави својот 8-ми роденден... Како му честитаа Перо и Ружица?
Перо Антиќ и Ружица Максимовска во 2019 година се разведоа по 13 години брак, но по разводот кошаркарот купи стан во близина на местото каде живеат неговите 3 синови за да може да минува повеќе време со нив.
Антиќ често споделува фотографии од дружбите со нив, па од играње кошарка до прошетки низ скопските локали сѐ е на нивното мени.
Лука, Павел и Петар се гордост на Антиќ, а денес (19.11) Павел го слави својот 8-ми роденден.
фото: Инстаграм/Ружица Максимовска
Антиќ му честиташе со фотографија на Инстаграм стори, а Ружица му честиташе ден однапред со фотки на кои тој позира со бројот 8 и се пошегува:
„Утре му е роденден на Павлето ама ја сам га родила и ќе га споделују к'д сакам.“
https://www.instagram.com/p/CHvjkyRjhGc/
фото: Инстаграм/Перо Антиќ
Фотки и видеа од синовите од Инстаграм профилот на Перо Антиќ: