Што да очекуваме овој Black Friday во Топ Шоп?
- Детали
- среда, 04 ноември 2020
Промоциите за време на Black Friday се фантастична можност за шопинг и заштеди, но како да ги искористите мудро и практично?
1. Резервирање на ВИП онлајн пристап
Една одлична работа која повеќе брендови низ светот ја практикуваат е уште пред Black Friday да им овозможат на сите заинтересирани купувачи ран интернет пристап до понудите.
Конкретно, оваа година ВИП пристапот на Топ Шоп е веќе отворен, така што ви препорачуваме да се регистрирате и да дознаете што ви подготвуваат.
2. Направете си список
Колку и да звучи застарено, шопинг листата е доста паметна одлука, особено за време на денот на најголеми попусти во годината. Започнете од она што ви е неопхподно, а потоа додадете ги подароците кои планирате да ги купите за вашите блиски, а на крајот завршете со барем 2 работи со кои сакате да се почестите себе.
Разгледајте што има да понудат некои од брендовите како Делимано, Дормео и Ровус и направете си го својот список уште сега.
3. Ставете си нотификација
Сите знаеме како да користиме календари и нотификации на нашите мобилни (или пак аларм), па затоа е мудро да си ставите потсетник за пазарување.
Се работи за голем шопинг ден, така што нотификацијата рано наутро ќе ве потсети да го нарачате својот производ бидејќи количините на овој ден се трошат со брзина на светлината.
Оваа година Black Friday е на 27ми ноември, не заборавајте!
4. Онлајн шопинг
Најбезбедното решние. Процесот за нарачување е брз и едноставен. Секогаш можете да прочитате и по некоја рецензија од купувачите на веб страниците, а што е најдобро – не мора ни да станете од кревет за овој тип на шопинг.
Ве потсетуваме, предност имаат првите, така што ВИП пристапот до понудите е задолжителен.