Халкбанк со подарок за новороденчињата во текот на октомври, месецот на штедење

(Скопје, 30.09.2020) - Сите родители кои во текот на месец октомври ќе добијат принова во ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство, ПЗУ Ре-Медика или One Hospital, во знак на месецот за детско штедење, ќе добијат симболичен подарок од Халкбанк и Халки.

halkbank-so-podarok-za-novorodenchinjata-vo-tekot-na-oktomvri-mesecot-na-shtedenje-01.jpg

Оваа акција, Халкбанк во соработка со ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство, ПЗУ Ре-Медика и One Hospital ја спроведува во насока на дарување на родителите и нивно информирање за потребата од штедење за своите најмили од најрана возраст и поттикнување на едукацијата за штедењето.

Детското штедење е најсигурен начин родителите да обезбедат за своите најсакани посигурна иднина и поквалитетен живот и да можат, дури и со издвојување мали месечни износи на орочен депозит, да обезбедат средства со кои ќе задоволат одредени потреби на своите деца кога тоа ќе биде неопходно.

Детското штедење на Халкбанк го обезбедува токму тоа бидејќи нуди можност за орочување на средствата на 25, 36, 45 и 60 месеци. Штедењето може да биде во денари или во евра, а минималниот износ за првиот влог е 1000 денари, односно 20 евра. Понатаму, секој родител, кој е законски застапник на сметката отворена за своето дете, може да врши дополнителни уплати кога сака и колку сака и тоа не само со одење на шалтер, туку и со траен налог или преку електронското банкарство.

Каматните стапки кај Детското штедење се фиксни за целиот период на орочување и се движат од 1,20 до 1,90% годишно, во зависност од периодот на орочување, за штедење во денари, односно од 0,70 до 1,40% доколку се штеди во евра. Каматата се исплаќа по истекот на рокот за орочување кога, зависно од договорот, автоматски се врши реорочување на заштедените средства.

Родителите се најсреќни кога знаат дека на своите деца им го отвориле патот кон среќна и сигурна иднина. Детското штедење е вреден чекор кој треба да го направи секој родител за своето дете, а овој октомври како светски месец на штедењето, може да биде вистинското време за преземање на тој чекор.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...
Се слави Покров на Пресвета Богородица – Празник на жените и на оние што се молат за потомство Денешниот ден се нарекува и Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слав...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg