Парк шума Гази Баба - заборавена убавина среде Скопје (фото)

Недогледно зеленило, прекрасна шума, лулашки, клупи, летниковци... Зошто не го посетуваме овој зелен рај на само неколку километри од центарот на Скопје? Чувството е како Градскиот парк и Водно да се сплотени во едно.

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-01.jpg

На само неколку километри од центарот на Скопје се наоѓа парк шумата Гази Баба, на ридот Гази Баба. Уште во 2015 година оваа шума е прогласена за споменик на природата.

Ова заштитено подрачје дефинитивно е место кое треба да го посетите.

Доколку не сте движеле во овој предел од градот, пишете на Google mapс „парк шума Гази Баба“ и ќе стигнете до соодветно место за паркирање.

Оттаму ве очекува пешачење низ природа со високи дрвја и патеки и чувство како да се наоѓате на Водно, само што е рамно. Искрено, на моменти ќе добиете впечаток дека е поубаво и од Градскиот парк на кој сите сме навикнати да одиме постојано.

Средено е со летниковци, игралишта, клупи, големо е и можете убаво да се испешачите.

Има луѓе кои се рекреираат тука и воопшто не е опасно, доколку ве загрижува тоа.

На табли е обележано дека во оваа вештачки подигната шума има низа на растителни и животински видови. Ова дефинитивно е мал зелен рај среде Скопје кој за жал од многумина е заборавен.

Доколку надлежните стават неколку комбенца за кафе, сладолед, сокчиња и малку се изрекламира, Градскиот парк дефинитивно ќе добие конкуренција и ќе се олабави од посетители.

Ова заштитено подрачје ве очекува да го посетите. Ќе бидете изненадени од убавината што ќе ви ја понуди.

Парк-шумата на север се граничи со општината Бутел, населбата Бутел 2, на исток со општината Гази Баба, населбата Железара и населбата Автокоманда, на југ со Природно-Математичкиот факултет, Студентскиот дом „Стив Наумов“, Шумарскиот факултет и Земјоделскиот факултет и на запад со општината Чаир. 

Фотографии кои ги направивме од парк шумата Гази Баба:

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-13.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-12.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-11.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-10.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-09.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-08.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-07.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-06.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-03.jpg

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-02.jpg

Уште фотки од Инстаграм:

https://www.instagram.com/p/CBGd9sHpZmS/

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-18.jpgФото извор: Инстаграм Ardijan Mucaa

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-17.jpgФото извор: Инстаграм Ardijan Mucaa

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-16.jpgФото извор: Инстаграм Ardijan Mucaa

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-15.jpgФото извор: Инстаграм Ardijan Mucaa

park-shuma-gazi-baba-zaboravena-ubavina-srede-skopje-foto-14.jpgФото извор: Инстаграм Ardijan Mucaa

Уште фотографии од Инстаграм на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Христина Пан за ќеркичката (2) што се бори со рак: „Ме прашуваа зошто Тара нема коса, ѝ се смееја во... „Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или ѝ се смееле во парк или родител ќе ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg