Нема потреба да го напуштате домот! Научете како брзо и лесно да ги плаќате вашите сметки преку е-банкарство на Халкбанк (видео)
- Детали
- четврток, 25 јуни 2020
Во услови на пандемија на коронавирус кога здравствените експерти повикуваат на почитување на мерките, меѓу кои и одржување на физичка дистанца, избегнување на групирање и престој во затворени простории со повеќе луѓе, многу од нашите вообичаени практики, како што е и одењето во банка, се препорачува да се извршуваат по електронски пат односно преку интернет.
Токму затоа, Халкбанк, како банка која се грижи за здравјето на своите клиенти, подготви серија едукативни видеа за користење на нивните услуги од електронското банкарство, намалувајќи го ризикот од ширење на пандемијата, а во исто време, правејќи ги овие услуги уште подостапни до секој граѓанин. Сѐ што е потребно е да се инсталира мобилната апликација за е-банкарство на Халкбанк и оттука потребно е само да ги следите инструкциите во видеото.
Во видеата, на лесен и едноставен начин, чекор по чекор се даваат насоки за користење на сите услуги од електронското банкарство на Халкбанк. Видеата се едукативни, лесно разбирливи и прилагодени за секого, па дури и за оние кои помалку се снаоѓаат во користењето интернет или пак мобилни апликации.
Видеата даваат насоки како да го активирате електронското банкарство преку мобилната апликација, како да управувате со вашите банкарски сметки, како брзо и лесно да ги плаќате сметките за струја, вода, парно итн., како да плаќате преку ПП30 и ПП50 налози, како да ги плаќате кредитите и долговите на картичките и како да вршите откуп и продажба на девизни средства само со неколку клика на вашиот мобилен телефон.
Во ова видео се запознаваме како брзо и лесно да ги плаќате сите сметки преку е-банкарство на Халкбанк, односно како да ги подмирите режиските трошоци, како да пополните ПП30 или ПП50 налози, како да извршите уплата и исплата на депозит, како да извршите Смарт Кеш плаќање и сл.
Погледнете го „чекор по чекор“ видеото: