„Ни поминаа брзо како да сме трепнале“ - Билјана Дебарлиева со сопругот прослави 30 години брак
- Детали
- среда, 16 октомври 2024
Нашата прекрасна русокоса дама од ТВ екраните Билјана Дебарлиева веќе 30 години е во хармоничен брак со саканиот Јован, а круна на љубовта им се двете деца, Ана и Мики. Саканиот Јован ѝ напиша емотивна посвета за годишнината.
Билјана Дебарлиева, едно од нашите најубави ТВ лица, ја прослави 30-тата годишнина од брак со саканиот Јован.
Парот ужива во брачната хармонија години наназад, а парот често објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Така беше и за годишнината од брак, која ја прославија во еден скопски ресторан со саканите.
„30 години ни поминаа брзо како да сме трепнале, тука се фотографиите да нè потсетат за минатото, тука е фамилијата да ни ја стопли душата, тука се пријателите да ни ја извлечат насмевката...“, напиша Јован во описот на фотографиите, меѓу кои објави една и од нивната свадба.
Билјана и Јован некогаш и сега:
Повеќе фотографии од парот ТУКА.
С. С. | Црнобело