Билјана Дебарлиева ужива во магично грчко селце со сопругот - поубава од кога било (фото)
- Детали
- четврток, 29 август 2024
На 500 метри мнв. на Олимп едно од нашите најубави ТВ лица одржа лекција по елеганција. Билјана Дебарлиева ужива со сопругот и пријателите.
Билјана Дебарлиева дефинитивно е безвременска убавица на која елеганцијата ѝ е заштитен знак.
Тоа го докажува и со последното модно издание за време на одморот во Грција со сопругот и пријателите.
Таа блеска во макси фустан со кругови за време на посетата на едно магично грчко селце од кое има спектакуларен поглед.
Селцето „Palaios Panteleimonas“ се наоѓа на Олимп на 500 метри мнв. Традиционално е, со улички од калдрма, таверни и кафулиња украсени со цвеќе.
Има каде да паркирате пред селото, а потоа во него пешачите. Има и сместување во традиционални куќи, кои се вистинско доживување.
Модниот погодок на Билјана Дебарлиева:
С. С. | Црнобело / фото: Фејсбук