Филипче: „Присутните кои биле на свадба во Скопје не соработуваат, другите жаришта полека спласнуваат“
- Детали
- четврток, 11 јуни 2020
Министерот Филипче одржа прес-конференција откако денес беа соопштени 175 нови случаи.
Министерот вели дека има неколку поголеми кластери, а од оној во Скопје епидемиолозите наидуваат на несоработка. Останатите жаришта полека спласнуваат, сега се сконцентрирани на намалување на ширењето во Скопје.
Погледнете ги најважните податоци од прес-конференцијата:
На Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 11 нови пациенти, вкупно 84, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата 8-ми септември 22 нови примени, вкупно 57, од кои 35 се потврдени позитивни, на респираторна машина 10 пациенти.
Во Битола 20 пациенти, во Штип 24 хоспитализирани, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово хоспитализирани се 36 позитивни и сомнителни пациенти.
Во Охрид на семејна прослава со околу 200 присутни потврдени досега се 8 пациенти, а 40 се во изолација. На семејна прослава свадба во Скопје со 100-тина присутни, потврдени се 14 позитивни. Голем проблем на епидемиолозите им создава несоработката на присутните на таа прослава.
Во 7 штипски конфекции потврдени се 126 случаи, а хоспитализирани 24. Останатите се на домашно лекување
Откако се направи овој пристап тестирање и изолација на сите контакит, состојбата во Штип и Тетовско се смирува, а останува Скопје, особено населба Чаир каде има најмногу случаи. Епидемиолозите уште се соочуваат со проблем за точни податоци.
Има уште непочитување на мерките за самоизолација, групирање и носење маски, па контролите се засилени, Владата има донесено уредба со која се утврдува лице кое дава лажни податоци или го прекрши правилото за самоизолација, му се утврдува државен карантин од 14 дена.
Овој бран уште трае, иако 2 од 4 големи жаришта полека спласнуваат. Сега сме сконцентрирани на сузбивање на пренос на заразата во Скопје. Препораките се исти.
Следете ја прес-конференцијата: