Филипче: „Позитивни се 67 пациенти, се разгледува можноста за враќање рестрикции“

Министерот Филипче на денешната прес-конференција ја соопшти најновата состојба во земјава. 

Filipche-pres-konferencija-2-juni-2020.jpg

На прес-конференцијата министерот соопшти:

Од вкупно 868 тестови има 67 позитивни пациенти во изминатите 24 часа и во следните неколку часа ќе биде објавена статистика по градови.

Има 25 оздравени пациенти и 1 починат пациент, во последните 24 часа.

До утрово на Клиника за инфективни болести во Скопје примени се 6 пациенти, вкупно има 40 хоспитализирани, а нема пациент на механичка вентилација.

Во болницата 8-ми септември се вкупно хоспитализирани 27 пациенти, од кои 6 на респираторна машина.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 7 пациенти, во Штип 14. На инфeктивните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп вкупно има 27 хоспитализирани пациенти со ковид-19.

Во Штип се затворени 6-те конфекции, со 55 решенија за самоизолација. Во текот на следните денови ќе се тестираат околу 600 вработени, досега се тестирани 100.

Во Тетово има 8 решенија за позитивни пациенти и 54 за нивни контакти. Има информации и за нов кластер, 1 позитивен и околу 30 контакти.

Во Липково од вчера има 11 случаи, каде екипите интензивно работат, исто како и во Чаир и Студеничани. Има огромен број на контакти во рамки на 10 семејства.

Во однос на рестриктивните мерки кои се најавени како можни, уште нема одлуки, а до четврток ќе се донесат соодветни одлуки доколку има потреба.

Апелирам да не се игнорира вирусот, бидејќи тоа нема да помогне, а секаде во светот се имплементираат истите мерки за заштита.

Се разгледува можноста за враќање на рестрикциите, но за тоа каде и дали има потреба ќе се зборува во наредните денови.

Граѓаните и нивниот влог се клучни за справување со оваа кризна состојба. Сите сме засегнати и како поединци и како држава и сите придонесуваме во решавањето на овој проблем.

Следете ја прес-конференцијата:

Би можело да ве интересира:

Се слави Покров на Пресвета Богородица – Празник на жените и на оние што се молат за потомство Денешниот ден се нарекува и Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слав...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Вториот ден на Божиќ се вика и Собор на пресвета Богородица – Се посетуваат кумовите и пријателите Се верува дека на денешен ден треба да ги примите и да ги угостите сите што ќе д...
Се слави празникот „Мала Богородица“ – Во Скопје донесена чудотворна икона од Хиландар Во Скопје ќе биде донесена света чудотворна икона од Хиландар, а во храмовите ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg