Искористете ги предностите на EVOLVE депозитот на Халкбанк кој нуди камати кои растат на секои 6 месеци и камата до 2,4% за денари и 1,6% за евра

Штедењето во банка претставува здрава животна навика, бидејќи не само што на овој начин се зголемува вредноста за издвоените средства поради каматите кои се добиваат на депозитите, туку се обезбедува и сигурност за иднината и полесно справување со непредвидени ситуации. Каква што, на пример, е моменталната криза предизвикана од пандемија со КОВИД -19.

iskoristete-gi-prednostite-na-evolve-depozitot-na-halkbank-01.jpg

За сите оние кои ќе решат дел од својот буџет да го издвојуваат како депозит, идеални можности нуди производот на Халкбанк – Evolve депозит кој има атрактивни каматни стапки кои растат на секои шест месеци. Притоа, Банката нуди два типа од овој производ – Evolve депозит со можност за дополнителни вложувања и Evolve депозит со можност за предвремено раскинување, па секој штедач може да одбере тип на депозит кој најмногу му одговара.

За двата вида депозити заедничко е што рокот на орочување е 24 месеци, имаат фиксни каматни стапки кои се зголемуваат на секои шест месеци, каматата се исплаќа на крајот на периодот на доспевање, а штедењето може да биде во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра.

Evolve депозитот со можност за дополнителни вложувања, без можност за делумни повлекувања, нуди шанса за дополнителни уплати на депозитот, односно штедачот може да врши уплати кога сака и колку сака. Дополнителните уплати може да се прават преку електронско банкарство, на шалтерите и со траен налог. Кај овој вид депозит, каматата во првите шест месеци, ако се штеди во денари е 0,60%, за второто шестмесечје е 1,20%, за третото - 2% и за четвртото - 2,40%. Просечната каматна стапка за целиот период на орочување од 24 месеци кај депозит во денари изнесува 1,55%. Доколку се штеди во евра, каматата во стартот на штедењето е 0,40%, за второто шестмесечје изнесува 0,80%, за третото - 1,20% и за четвртото - 1,60%. Просечната каматна стапка за целиот период на орочување од 24 месеци кај депозит во евра изнесува 1%.

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна За помалку од 24 часа, откако родителите Трајче и Васка Панови испратија апел за...
Се слави Собор на Свети Архангел Гаврил – денот кога жените треба да се помолат за потомство Неговата икона секојдневно ви поминува низ рака. Дали сте забележале дека на бан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg