Охридскиот инспектор решава „тешки“ криминални дела: „Скеч шоу 2“ во Еден на Еден
- Детали
- петок, 24 април 2020
Што ако нашите политичарите беа бебиња и како Златко Калински би звучел кога би коментирал за ЈСП, ќе гледаме во новата Еден на Еден, „Скеч шоу 2“.
Во недела, на Канал 5 од 18.30 ќе се потсетиме на најгледаните скечеви што ги подготви екипата на Еден на Еден. Меѓу нив е „CSI Охрид“, каде што во улога на Инспекторот кој решава „тешки криминални дела“ го гледаме Бранко Огњановски.
Меѓу скечевите е и специјалната временска прогноза, квизот „Гасот на нарадот“, „Состаноци со уредникот“ , а и оваа Еден на Еден нема да помине без „Во тангентата со Жарко Збрефтов“. Ќе се потсетиме и на моментот кога Спасе се јавува кај Јанко во „Јади бурек“ и уште неколку други скечеви за добро расположение.
Погледнете ја најавата за емисијата сите ќе нѐ насмее: