Панчев и Начевски судии, ДНК, Лозано, Весна Бејби и Сара Мејс натпреварувачи: „Седи си дома Талент шоу“ во „Еден на Еден“
- Детали
- петок, 17 април 2020
Кој најдобро може да се снајде со пејачки предизвици: Лозано, Панчо од ДНК, Андреј од ДНК, Сара Мејс или Весна Бејби, ќе гледаме во новата Еден на Еден – „Седи си дома Талент шоу“, во недела на Канал 5 од 18.30.
Ова е четврта по ред емисија која Жаре ја снима од дома, а овој пат познатите личности ќе бидат дел од Талент шоу. Секој светски познат музички натпревар си има свое жири, а судиите во овој се Дарко Панчев и Ѓорѓи Начевски.
Жаре им смисли интересни правила на натпреварувачите, во четири рунди: Да испеат една весела песна, една тажна песна, една странска и една странска песна преведена на македонски. И уште едно правило: Никој не смееше да фаќа врски кај судиите кои оценуваа за избор на песна, за изведба и за сценски настап.
Сите таленти и судиите ни изјавија дека многу забавно си поминале на снимање, и имаа оригинален избор на песни. Кој е победникот во првото „Седи си дома Талент шоу“, ќе дознаеме во недела на Канал 5 од 18.30.
Во меѓувреме, погледнете ја најавата: