Македонецот што го воодушеви светот - танцува како да лебди (видео)
- Детали
- петок, 03 април 2020
Џенифер Лопез го фалеше, а светот допрва ќе слуша за ова талентирано момче.
Мајкл Дамески (24) е австралиски танчар, кој има потекло од Македонија. Тој е роден во Сиднеј, но неговите родители потекнуваат од Прилеп.
Уште на 6-годишна возраст влегол на првото натпреварување во танц „Australian Dance Idol“ и се пласирал во првите 10 без некоја претходна подготовка.
Потоа почнал посериозно да се занимава со танц, а во 2013 година ја добил престижната награда во Австралија - танчар на годината.
Инаку на втората сезона од натпреварот „World of Dance“ во 2018 година, чиј дел од жирито беше и Џенифер Лопез, тој заврши на второто место. Има настапувано во Лас Вегас, Лос Анџелес, Бродвеј, пофалби пристигнуваат од сите страни, а светот допрва ќе слуша за него.
Погледнете како танцува талентираниот Мајкл:
https://www.instagram.com/p/B9U6w12Aaq7/
https://www.instagram.com/p/B7o7Ep-ADy9/
https://www.instagram.com/p/B43DZaegzMy/
С. С. | Црнобело