Огромен интерес за кампањата #СкопјеДома
- Детали
- петок, 20 март 2020
Стотици фотографии, видеа и гифови овие два дена пристигнаа до Град Скопје, на фејсбук страницата СкопјеДома.
Нашите сограѓани масовно споделуваат како го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците. Тие се бодрат меѓусебе, си помагаат во маката, разменуваат шеги и вицови и си даваат идеи како да се помине времето полесно.
Тоа и беше нашата цел, преку креирање на оваа фејсбук група, да ги поттикнеме граѓаните да останат дома и да уживаат со своите најблиски, а со тоа, сите да помогнеме да се спречи ширењето на корона вирусот.
Град Скопје за вас направи избор од најинтересните и најкоментираните фотографии:
1. Кафе на тераса - има ли подобро?
2. Ние цртаме, а вие?
3. Евергрин. Се е кажано.
4. Како на море.
5. Зачини.
6. Филм, во друштво.
7, 8 и 9. Во дом со ваков поглед не е тешко да се остане дома.
10. Уметност со фломастери.
11. Мини градина.
12. Се подготвува нешто вкусно.
Очекуваме нови интересни фотографии и видеа. Останете дома.
Со почит,
Град Скопје