„Денес во 17 часот сите на тераса – со аплауз да ги поздравиме оние кои се грижат за нашето здравје и мир“
- Детали
- недела, 15 март 2020
Водени по примерот на Италијанците и Шпанците и кај нас се појави добра иницијатива – денес сите да излеземе на тераса и со аплауз да го поздравиме медицинскиот персонал кој се жртвува за нашето добро, по иницијатива на Кристина Арнаудова.
На социјалните мрежи вирално се шири иницијатива на Кристина Арнаудова, со која ќе ја оддадеме нашата почит кон медицинските лица и Министерството за здравство, кои неуморно се вложуваат за пациентите, како и за доброто на останатите граѓани за заштита и избегнување на ширење на корона вирусот.
На нејзиниот Фејсбук профил таа повика во 17 часот сите да излезат на тераса и да дадат долг аплауз од срце.
И онака сега сите сме дома (барем се надеваме дека сега граѓаните повеќе ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот), па зошто да не направиме едно добро дело?
Инаку, многумина предлагаат ова да се случува секој ден во 17 часот.
Прочитајте го нејзиниот статус:
Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со Корона вирусот, здравствените работници!
Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави!
Ајде точно во 17ч сите да излеземе на терасите? Шерувајте ја оваа иницијатива и приклучете ми се!! ❤️❤️❤️
Би можело да ве интересира:





