A1 Smart Home придобивка на модерното време - Интервју со Марија Каранзова од А1 Македонија

Напредокот на технологијата и брзината на нејзиниот развој сè повеќе го олеснува секојдневието и ги менува навиките на секој од нас.

a1-smart-home-pridobivka-na-modernoto-vreme-intervju-so-marija-karanzova-od-a1-makedonija-01_630x340.jpg

Колку побрзо ги прифатиме промените и ги запознаеме придобивките од модерната технологија и паметните уреди, толку повеќе ќе добиеме време и моменти за уживање. Ако апаратите за домаќинство беа револуционерните откритија на минатиот век, „паметниот дом“ е откритие и погодност на 21 век. За достапноста на новите технологии и придобивките, зборувавме со Марија Каранзова од А1 Македонија.

Повеќето од нас сигурно имаат слушнато за терминологијата Smart-Home, но што точно значи и кои се придобивките?

Иако понекогаш терминот Smart-Home може ни звучи комплексно, во суштина Smart-Home решенијата се многу едноставни и практични, а ги подразбира домовите кои се служат со Smart-Home уреди, како што се приклучоци, осветлување или сензори кои може да се контролираат од која било локација, и тоа преку една единствена мобилна апликација. Објаснето на едноставен начин, овие паметни уреди се поврзани со централна единица, која служи како „мозокот” зад решението, ги контролира Smart-Home уредите и ги автоматизира, а со тоа и го поедноставува севкупното искуство во нашите домови. Многу од паметните уреди се додаваат на веќе постоечките уреди, кои ни се веќе достапни, со што нема потреба од изложување на дополнителни трошоци за менување на опремата во домаќинството.

a1-smart-home-pridobivka-na-modernoto-vreme-intervju-so-marija-karanzova-od-a1-makedonija-02.jpg

Кои се предностите и придобивките од користењето на Smart-Home?

Една од главните придобивки зошто нашите корисници се одлучуваат да користат Smart Home услуги e комфорот, односно можноста за управување на паметните уреди преку една мобилна апликација, кога било и без разлика каде и да сте во светот. Повеќе нема да се двоумите дали ја исклучивте пеглата и нема да трошите непотребно време враќајќи се дома да проверувате, туку сето тоа ќе можете да го направите веднаш преку мобилната апликација. Домовите кои се опремени со ваква опрема се побезбедни и нудат дополнителна сигурност. Пример, доколку во вашето Smart Home решение имате паметна камера и повеќенаменски сензор, секогаш ќе знаете кога е забележано движење додека не сте дома или едноставно ќе имате увид што прави вашето милениче. Паметните светилки автоматски се вклучуваат штом влезете во просторијата, а се гасат штом излезете, со што имате можност да заштедите енергија. Исто така, кога ја користите безбедносната функција на паметните приклучоци тие се исклучуваат по еден час неактивно користење.

Автоматизацијата која ја нуди решението ви овозможува да заборавите на грижите дали го вклучивте алармот при напуштање на домот, бидејќи се вклучува автоматски кога последниот член си заминува, а се исклучува кога некој член на семејството ќе дојде дома.

Во секој дом или просторија Smart-Home решенијата имаат различна примена.

За сите оние кои сакаат да ги обезбедат своите викендички, повремениот прекин на електрична енергија нема да претставува проблем, бидејќи напредната централна единица содржи вградена батерија со издржливост и до 4 часа. Дополнително, преку функциите на паметните светилки лесно ќе симулирате дека некој е присутен во вашата викендичка додека вие не сте таму, со што ќе превенирате несакани гости.

a1-smart-home-pridobivka-na-modernoto-vreme-intervju-so-marija-karanzova-od-a1-makedonija-03.jpg

Познавањето на предностите на модерната технологија ви овозможува да им го олесните стареењето на повозрасните луѓе.

Повозрасните лица честопати се скептични за технолошките достигнувања, но со паметните-решенија може да имаат особена корист, бидејќи нивната потреба за безбедност ќе биде задоволена. Преку A1 Smart Home апликацијата ќе имате преглед на сите паметни уреди без разлика дали сте дома или на одмор, бидејќи лесно ќе може да се осигурате дека саканата баба е добра, дури и кога не сте во нејзина близина. Пред сè, целта на технологијата е да нè поврзува, да бидеме заедно и тогаш кога не сме во близина.

Како до Smart-Home услугите?

За користењето на Smart-Home услугите потребно е да одберете месечна претплата за самата услугата и smart-home пакет или самите да одберете smart-home уреди со опцијата „направи сам“. Поврзувањето е многу едноставно, за што ви е потребен само активен интернет од било кој интернет провајдер.

За крај, дигиталните технологии брзо се менуваат и постојано отвораат нови можности. Користете ги придобивките кои ги нуди технологијата, заборавете на вашите грижи и останете поврзани каде и да сте.

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg